Емитер 9/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Софтверот Sound Forge Pro 10 e создаден за аудиомонтажери и креатори на аудио, бидејќи овозможува комплетна контрола од сите аспекти. Софтверот овозможува професионално снимање и контрола на аудиосигналите, како и специфичен дизајн на тонот било да се произведува или да се реставрира. Погоден е и за CD креации, бидејќи во исто време овозможува и запис на конечниот продукт на CD. Новите напредни особини на Sound Forge Pro 10 вклучуваат прецизно едитирање на случувањата, едитирање и процесирање на фајлови од музички инструменти, додавање на разни ефекти, како и разни конверзии на првобитно создадениот звук.
Пред сè, и најбитна задача на Sound Forge Pro 10 софтверот е да овозможи квалитет на првобитниот основен аудиосигнал. За таа цел тој е дизајниран да поддржува потполна резолуција на 24/32 и 64 битни фајлови која е задолжителна за верност на аудиосигналите. Овој софтвер може да ги контролира снимањето на звукот од инструментите, вокалите и ефектите, но може да врши и измени на истите ако за тоа има потреба, се со цел да се добие аудио со висок професионален квалитет на почетно базно ниво. Sound Forge Pro 10 овозможува прецизно аудиоедитирање на моно, стерео и повеќеканални аудиофајлови (повеќе од 32!).
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.