Енергетика

Доаѓа зимскиот период, студ и ниски температури. Уште од дамнешни времиња, праисторискиот човек се обидувал да се заштити од студот, користејќи ја топлината добиена од согорување на дрвото. Поминале многу векови додека човекот се здобил со искуства, за да дојде до топлина и на други начини. Старите Римјани, имале еден вид на воздушно греење, кое се сведувало на огниште и канали по кои се движел загреаниот воздух. Во 18 век, се појавува парното греење предложено од англичанецот Кук (Cook).


Електроника

МОСФЕТ засилувач во класа А можете да направите и тој да звучи подеднакво добро како лампашки засилувач доколку ги следите принципите на правилно дизајнирање и изработка дадени во овој проект. Таквиот засилувач можеби нема да има голема излезна моќност, но со употреба на стандардни компоненти кои се достапни на нашиот домашен пазар може да произведе "топол звук", кој многу потсетува на звукот добиен со скапите лампашките засилувачи!


Аеронаутика

ПАК ФА ќе биде прв руски ловечки авион од петтата генерација. Сегашниот прототип, Т 50, е конструиран во компанијата Сухој, а кога ќе влезе во употреба во руското воено воздухопловство ќе ги замени сегашните авиони МиГ 29 и Су 27. Авионот ќе биде основа и за индискиот ловец од петта генерација кој ќе се развива и ќе се произведува во соработка меѓу руската компанија Сухој и индиската Хиндустан аеронаутикс (HAL).


Електроника

Во минатото продолжение видовме дека со неколку основни мерења и прости анализи можеме до задоволителна точност да ја одредиме моќноста на еден аудиозасилувач кој работи во АБ класа. Со тоа научивме како да се заштитиме од големите измами само толку колку некој да не ни продаде волшебна "јапонска кофа" која собира 20 литри но не е поголема од еднолитарска тегла за ајвар! Патот до вистината е долг, затоа мораме веднаш да продолжиме.


Информатика

Nero 10 Multimedia Suite ги следи стапките на претходната верзија. Подобрен, дополнет со нови опции и пооптимизиран, новиот пакет отвора дилема – дали воопшто постои реална потреба од дополнителните опции? Мислењата се поделени, нормално. Да се обидеме да го креираме сопственото.


Астрономија и астронаутика

Двајца астрофизичари предложиле нов модел на универзумот, според кој наместо темна енергија и темна материја, во својот состав тој содржи еднакви количества материја и антиматерија!


Информатика

Ќе тргнеме од многу едноставна премиса: да тргнеме од наједноставното! Во овој текст, ќе дадеме некои фактички информации за појавата или феноменот што се нарекува сајбер простор (или cyberspace), со цел на читателот да му понудиме повеќе опции за размислување, што може да ги развие во посебни насоки (по свој избор) и од кои ќе може да извлече нови заклучоци или дефиниции и да се доближи до суштината на тоа што е – сајбер простор (или сајберспејс).


Автомобилска техника

Да се замени со нов термовентилот онака без доказ за неговата неисправност, така рутински некако и како по инерција според онаа народната "ново си е ново" или "нема да ризикувам со стариов термовентил" е премногу неодговорно, а за професионалните автомеханичари е крајно неприфатливо. На таквиот автомеханичар слободно може да му се залепи етикетата дека е непрофесионален и со таквото негово перманентно однесување автомеханичарските денови сигурно му се одбројани.


Електроника

Дали сакате да имате комплетна контрола на апаратите кои ги имате дома? Имате некој мал индустриски процес кој не е автоматизиран само поради комплексноста на работите? Или, пак, имате желба да добиете автоматски извештај за состојбата на вашата машина по SMS каде и да се наоѓате?


Фототехника

Ако сте трендсетер кој сака да има оргинален ретродизајн на компатен дигитален фотоапарат а притоа не сте некој фото-перфекцијонисата за кој несактае да потршите многу пари, Pentax Optio I -10 е фотоапарат за вас.


Аудио и видеотехника

Софтверот Sound Forge Pro 10 e создаден за аудиомонтажери и креатори на аудио, бидејќи овозможува комплетна контрола од сите аспекти. Софтверот овозможува професионално снимање и контрола на аудиосигналите, како и специфичен дизајн на тонот било да се произведува или да се реставрира. Погоден е и за CD креации, бидејќи во исто време овозможува и запис на конечниот продукт на CD.


Електроника

Ако имате проблеми со слухот, односно ако слабо слушате или, пак, ако со слухот сè ви е во ред, но сакате да ја шпионирате вашата атрактивна сосетка или соседот кој ве озборува зад грб итн., тогаш големи се шансите да ја остварите намерата со помош на овој минијатурен уред изработен и опишан во проектот што следува.


Автомобилска техника

Кога потесното и поширокото опкружување ќе дозволи да дејствуваат и истовремено ги стимулира поединците и групите кои знаат, умеат и можат своите идеи и замисли за нови производи да ги преточат во реалност, т.е. производ, може да се каже дека е поставена основата за опстанок и функционирање на заедницата/системот во секоја смисла на зборот. Токму тоа се случи во Хрватска. Неодамна, мала група ентузијасти и стручњаци го промовираа своето прво мало градско електрично возило наречено Doking XD.


Психологија

Дали се сеќавате на часовите по музичко воспитување? Колку често тие беа заменети со часови по математика, биологија или некој друг "побитен" предмет? Се прашувате дали и колку често тоа се случува и денес и можеби дури и ја оправдувате оваа пракса?


Архитектура и градежништво

Кога зборуваме за топлинска изолација на зградите, веднаш асоцираме на намалување на топлинските загуби во зимскиот период, сè со цел, со што е можно пониски финансиски трошоци за греење да обезбедиме удобна внатрешна микроклима. Меѓутоа, во летниот период се случуваат топлински добивки однадвор, кога надворешните температури се значително повисоки од внатрешните, потребни за удобен престој во просториите.


Електроника

Што се тоа алармни системи, мала анализа на кражби, најевтин алармен принцип кој не чини ни скршен денар; заштита на приватни објекти, состав на секој алармен систем, компоненти на алармниот систем, што претставува видеонадзор, наједноставен алармен уред. Написот е во неколку продолженија и е наменет првенствено секого да го воведе во проблематиката на техничката заштита. Секако, понешто ќе најдат интересно и мајсторите кои ги монтираат алармите.


Аудио и видеотехника

Новиот тренд во производство на ТВ-опрема, која го доби епитетот "зелена", всушност, се уреди сведени на една единствена плочка, како што е, на пример, картичката multiviewer која овозможува гледање на 20 видеосигнали (слики) во исто време. Овие нови "зелени" уреди гарантираат заштеда на потрошувачка на енергија до 90%, заштеда на простор за сместување во ормар, како и заштеда на друг потребен материјал за производство и каблирање.


Информатика

Денес има многу корисници кои имаат два па и повеќе компјутери во својот дом. Затоа логично е нивно поврзување во мрежа, за да може корисниците да имаат пристап на податоците на сите мрежно поврзани компјутери. Windows 7 е оперативен систем кој ги руши многу рекорди на Microsoft, па е релативно лесно да се изврши поврзување на два компјутера кои го имаат овој оперативен систем.


Информатика

Еден од почестите проблеми со кои се среќаваат новите корисници и почетниците на ГНУ/Линукс оперативниот систем е остварување на конекција на интернет преку ГНУ/Линукс системот. Во продолжение ќе ја разјасниме оваа мистерија за чие решение се потребни само неколку кликови со глувчето.


Информатика

Моќна минијатура од чии компоненти не би се посрамотил ниту класичен десктоп систем. Малите димензии (колку куќиште од преносен хард диск) овозможуваат секогаш да го носите со себе и да ви биде достапен во секое време. Барем таму каде што има монитор...


Електроника

Ако не знаете дали некој ви дошол во посета кога сте биле отсутни од дома, а сакате тоа да го дознаете, тоа можете да го сторите користејќи еден едноставен електронски склоп, кој "помни" дали вашето ѕвонче било активирано кога вие сте биле отсутни.


Еурека

Во 2007 година, на манифестацијата МАКИНОВА, Зоран Мијаков од "Фригомонт" ја изложи својата иновација "Полуавтоматски уред за производство на коцкички мраз". Станува збор за преправка на обичен фрижидер за длабоко замрзнување во кој по преправката едноставно ќе можат да се стават и вадат повеќе калапи мраз, а процесот се комплетира со едноставен уред со грејачи за ослободување на коцкичките мраз.


Информатика

Веќе пишувавме за PROMETEAN ACTIVEBOARD интерактивната табла чувствителна на допир, која одлично може да послужи како во едукативни, така и во презентациски и други цели. Неполни две години подоцна пред нас е видувањето на SAMSUNG на оваа тематика.


Астрономија и астронаутика

Астрономите кои бараат начини за предвидување на соларните бури неодамна го примија првиот бран од мноштвото нови податоци кои доаѓаат од новиот сателит, Сончевата динамичка опсерваторија (СДО), која проработе кон крајот на април. СДО беше лансирана на 11 февруари и чинеше 856 милиони американски долари (во оваа сума се вклучучени и првите пет години на работење).


Астрономија и астронаутика

Кеплер, леталото кое НАСА го испрати да пронајде "земјолики" планети конечно ги израдува сите оние кои очекуваа многу од него. Обработени се голем број на податоци, а резултатите се изненадувачки позитивни.


Астрономија и астронаутика

Маглината Еским е типичен и совршен пример за планетарна маглина. Овие објекти се создаваат кога ѕвезда со димензии слични на нашето Сонце ќе дојде до завршните фази од својот животен век, кога материјата од надворешните слоеви ја отфрла во околната средина, а на местото на некогашната сјајна ѕвезда останува само нејзиното јадро – белото џуџе. Ваква судбина ќе има и нашето Сонце.


Омнибус

Неодамна американскиот финансиски магазин "ФОРБС" ги одбра осумте најбогати луѓе. Интересен е фактот што новите милијардери се сè помлади луѓе. Осумте кандидати, меѓу кои се и основачите на Google и творецот на социјалната мрежа Фејсбук, се избраниците на Форбс, кој ги наведе овие богати луѓе од технолошко-информатичката сфера како наследници на Бил Гејтс. Гејтс е милијардер уште од 1987 година, кога сè уште немал ни 32 години.


Омнибус

Мала камера во вид на модул, која може да снима тродимензионални видеозаписи во 3D технологија со висока резолуција, аматерската камера која ќе им овозможи на корисниците да креираат убави и квалитетни тродимензионални слики, кои ќе изгледаат како да се живи, весници во 3D... Оваа технологија несопирливо го освојува светот!


Омнибус

PS1 – нов ловец на астероиди;
PEUGEOT 3008 HYBRID4 CROSSOVER;
GEFORCE GTS 450;
Нова технологија за изработка на листови од графен?;
Збогум Google Wave!;
По 30 год. Работен стаж дискетите одат во пензија;
Нов Линукс Кернел 2.6.35;
Ледениот океан се полни со CO2;
FERMI на квадрат;
Нови аудиорикордери од DENON PROFESSIONAL;
Збогум ATI!;
Нова лузна од минатото;
Роботи-хирурзи;
Таинствен ѕвезден облак;


Писма
Направете ги достапни старите написи
Прекинувачот за сабвуфер не ми работи
Уште еден бас во звучникот Транс 6.5
Како да ги чувам батериите?
Коло за мек старт на трифазен асинхрон мотор
Поврзување на квазикомплементарни транзистори во 500W засилувач од E 3/98