Рубрика: Енергетика
Греење 1: Физиолошки услови и пренесување на топлина
Автор: Бранко Атанасовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Доаѓа зимскиот период, студ и ниски температури. Уште од дамнешни времиња, праисторискиот човек се обидувал да се заштити од студот, користејќи ја топлината добиена од согорување на дрвото. Поминале многу векови додека човекот се здобил со искуства, за да дојде до топлина и на други начини. Старите Римјани, имале еден вид на воздушно греење, кое се сведувало на огниште и канали по кои се движел загреаниот воздух. Во 18 век, се појавува парното греење предложено од англичанецот Кук (Cook). Потоа, се појавува и воденото греење, кое ја користело водата од термални извори. Ова греење, подоцна, се развива во техничка смисла и наоѓа голема примена. Освен начинот на кој е изведено греењето, се јавуваат и разни извори на топлинска енергија. Но, да одиме по ред.

Пред да кажеме нешто за различните системи на греење, потребно е да ги разгледаме условите кои треба да се земат предвид при проектирање на ваквите системи. Освен тоа, потребно е да се запознаеме и со начинот на пренесување на топлината. Деталното разгледување, овозможува точно и прецизно пресметување на карактеристиките кои треба да ги исполнува еден систем за греење.

Исправки и дополнувања:
Исчезнати делови од формули и нови ознаки

На стр. 66 во третиот столб недостасуваат некои знаци во формулите 1 и 3 (исчезнале при печатењето), па затоа овие формули ги повторуваме овде.
Ова е згодна прилика да го дополниме текстот со објаснување за употребените ознаки, со оглед на тоа што за некои од нив има посовремени стандарди кои пропишуваат други ознаки:
1. Коефициентот на пренесување (премин) на топлина, во текстот означен со k, денес почесто се означува со U, се нарекува и U-вредност, а се мери во [W/(m2•K)].
2. Коефициентот на површинско пренесување на топлина, во текстот означен со α, денес почесто се означува со h и се мери во [W/(m2•K)]. he се однесува за надворешната страна на набљудуваниот елемент (ѕид), а hi за внатрешната страна (површина).
3. Реципрочните вредности на he и hi претставуваат топлински отпори – Rse на надворешната површина, а Rsi на внатрешната површина. Нивна мерна единица е [(m2•K)/W].
4. Внатрешната температура наместо со ta или tv по денешните стандарди треба да се означува со Θi , а надворешната температура наместо со tb или tn треба да се означува со Θo .


Пример за кондукција – термопан прозорец

Пример за конвекција – радијатор

Пренесувањето на топлина е најчесто комбинација од кондукција, конвекција и радијација

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.