Емитер 9/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Дали се сеќавате на часовите по музичко воспитување? Колку често тие беа заменети со часови по математика, биологија или некој друг "побитен" предмет? Се прашувате дали и колку често тоа се случува и денес и можеби дури и ја оправдувате оваа пракса? Пред да застанете во бранење на тезата дека "од музиката леб нема", прочитајте го овој напис кој ќе ви даде увид во новите истражувања кои ги истакнуваат предностите на музичкото образивание и начините на кои тоа влијае и во сегменти кои се далеку од неговата основна намена.
Се сеќавате ли на ефектот Моцарт? Во 1993 година, благодарение на некои совети кои тврдеа дека слушањето на Моцарт ве прави попаметни, имаше поплава од ЦД-компилации на класична музика, кои, наводно, ќе ја зголемеле мозочната способност на вашето бебе.
Сепак, за ова тврдење немаше директни докази и навистина оригиналниот "Моцарт ефект" не успеа. Во подоцнежните истражувања беше откриено мало, но краткорочно подобрување во ефикасноста при спроведување на некои просторни задачи кога им претходело слушање на Моцарт, споредено со претходно седење во тишина. Некои подоцнежни истражувања го реплицираа ефектот, но други не. Сепак никој не најде нешто што специфично би се однесувало на музика од Моцарт; едно истражување покажа дека и поп-музиката би можела да има ист ефект врз децата од школска возраст. Се чини дека овој интересен, но маргинален ефект произлегува од когнитивна корист од која било пријатна аудитивна стимулација, која дури не мора да биде музичка.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.