Добри вести за “радио Милевите” од нашето соседство. Едно неодамнешно истражување открива дека озборувањето има и позитивни аспекти – создава социјални врски и овозможува индиректно да го запознаете светот, виден низ очите на другите.
Се чини, всушност, дека озборувањето не е нужно лоша работа, и покрај тоа што, очигледно, изигрувањето јавна совест, честото критикување на другите и откривањето на туѓи тајни, отсекогаш се сметало за нешто непристојно. Но, истражувањето на Ешин Џоли, психолог од Универзитетот Дартмут, објавено во Current Biology открива дека оваа навика има и свои позитивни аспекти: го олеснува воспоставувањето на социјални врски и овозможува индиректно да го запознаете светот, преку искуствата на другите луѓе.
За да го демонстрира ова, Џоли создаде онлајн игра во која играчот добива одредена сума пари и потоа можете да избере, дали да ги стави в џеб или да ги вложи во заеднички фонд, каде ќе бидат зголемени за 50% и потоа поделени на еднакви делови. Одлуката на играчот им се прикажува само на неколкумина од другите играчи. Во кратки црти, поентата на играта е дека за да соработуваме за општо добро, неопходно е да имаме доверба во другите.
Сепак, било забележано дека кога сесиите за игри се одвивале придружени само со јавни дискусии, довербата, односно вложувањата во заедничкиот фонд, брзо опаднале, бидејќи за играчите било мошне тешко да проценат кому можат да му веруваат. Но, штом во играта била дозволенa и “размена на мислења” во приватни разговори, бил забележан подолг раст на довербата, односно парите во заедничката каса. Ова се случило било поради тоа што разговорите ја зголемиле довербата меѓу учесниците, било поради тоа што информациите добиени врз основа на однесувањето на другите, биле корисни при одлучувањето.
Според Џоли ова значи дека, просто кажано, “озборувањето ги зајакнува односите и помага за подобро да се разберат другите, затоа што, конечно, тие даваат свој придонес во подобрувањето на социјалната соработка“.