Емитер 9/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Nero 10 Multimedia Suite ги следи стапките на претходната верзија. Подобрен, дополнет со нови опции и пооптимизиран, новиот пакет отвора дилема – дали воопшто постои реална потреба од дополнителните опции? Мислењата се поделени, нормално. Да се обидеме да го креираме сопственото.
Nero Multimedia Suite 10 пакетот е составен од три целини – Nero BackItUp & Burn, Nero Vision Xtra и Nero Burning ROM. Во основа, замислен е како пакет софтвери кој на аматерите ќе им овозможи едноставно уредување на фотографии и видеоматеријали, како и едноставен бекап на податоците. И, што е особено битно, сето тоа е вкомпонирано во еден заеднички, user friendly интерфејс кој овозможува лесен пристап кон сите компоненти од пакетот.
Јасно е дека десеттата генерација на Nero ги следи стапките на претходната, и дека пред нас повторно имаме гломазна алатка која зафаќа доста простор на хард дискот и чија инсталација е сè само не кус и едноставен процес. Дали сите опции/апликации се потребни или не, одлучуваат самите корисници. Скалабилниот процес на инсталација, за среќа, е зачуван, така што во самиот старт може да се избира што ќе се инсталира, а што не.
Но, наспроти полемиките околу реалната употребна вредност на новиот пакет Nero алатки, едно, сепак, е неспорно – последната верзија го носи она што недостасуваше кај претходниците – лесна креативност. Новата компонента, Media Hub, е "алката која недостасуваше" кај претходниците - комбинација на организатор на мултимедиски датотеки, медија плеер, уредувач на фотографии и креатор на слајд шоу приказ, сето тоа достапно преку User Friendly интерфејс. Значајни измени бележиме и кај Nero Vision алатката за видеоуредување. Да тргнеме по ред.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.