Рубрика: Аудио и видеотехника
"Зелена" ТВ-опрема
Автор: Калина С. Андонова
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Новиот тренд во производство на ТВ-опрема, која го доби епитетот "зелена", всушност, се уреди сведени на една единствена плочка, како што е, на пример, картичката multiviewer која овозможува гледање на 20 видеосигнали (слики) во исто време. Овие нови "зелени" уреди гарантираат заштеда на потрошувачка на енергија до 90%, заштеда на простор за сместување во ормар, како и заштеда на друг потребен материјал за производство и каблирање. Секој од овие нови зелени уреди заменува повеќе уреди, кои порано беа сместени во повеќе цели ормари. Но, постојат и други специфични придобивки. За што, всушност, станува збор?

Пред сè, зошто е наречена зелена? Затоа што оваа ТВ-опрема е опрема за подобра животна околина, која штеди енергетски, просторни и материјални ресурси. Навистина е зачудувачки како од ден на ден електронските уреди се смалуваат. Некогаш за сместување на уреди за едно продукциско студио со четири камери, за монитори, видеомиксета, генератор на ефекти, дистрибуција на сигнали, синк-генератор, осцилоскоп, вектроскоп и друго, но само за видеоделот, требаше најмалку 5 река (rack, ормар) со висина од два метри. Денес сето тоа се сместува во еден до еден и пол рек! Ова е што се однесува до просторот, но на тоа се надодава потрошувачката на енергијата за напојување и ладење, каблите и другите материјали... Тоа е огромна заштеда, која придобивките од енергија, простор и материјал ги претвора во финансиски придобивки, во намалување на цената на ТВ-опремата, а во крајна линија ја намалува вкупната цена на крајниот производ - програмата, како и вкупниот процес на производство на многу различни видео и аудиопродукти, како што се драми, филмови, серии, спотови за маркетинг и друго.

Up/down/crossconverter со аудиопроцесор

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.