Рубрика: Електроника
Мерења во аудиотехниката (2): Основни концепти
Автор: Емилијан Иљоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во минатото продолжение видовме дека со неколку основни мерења и прости анализи можеме до задоволителна точност да ја одредиме моќноста на еден аудиозасилувач кој работи во АБ класа. Со тоа научивме како да се заштитиме од големите измами само толку колку некој да не ни продаде волшебна "јапонска кофа" која собира 20 литри но не е поголема од еднолитарска тегла за ајвар! Патот до вистината е долг, затоа мораме веднаш да продолжиме.

Фактот за постоење на неверојатен број на заблуди и погрешни перцепции токму врзани за аудиотехниката, упатува на еден прост и многу логичен заклучок: сегашното ниво на квалитативна и квантитативна анализа на аудиосигналот не ги дава во потполност сите одговори и затоа остава можност за шпекулации. Се разбира, тоа првенствено е врзано со фактот дека нашите научни сознанија за човековото сетило за слух сè уште се лимитирани. Но, тоа во исто време значи и дека сите ние звукот го доживуваме на поинаков начин. Нема поедноставен доказ за тоа од фактот дека некој звук може да биде благопријатен за едни, а да биде истовремено одбивен за други.
Постои научна гранка наречена психоакустика, која ја проучува субјективната човекова перцепција на звукот, односно воспоставува врска на реално измереното со психолошки доживеаното кога се работи за звук. И јас тука ќе застанам, за во некое од иднините продолженија да оставам простор за цел напис врзан со психоакустиката. Значи, да се вратиме на објективните мерења, бидејќи со психоакустиката би можеле да им сервираме "на рака" некој адут повеќе на оние кои се платени да манипулираат со нашите чувства и знаења – на маркетингот!
Најголемиот број на тестови извршени на аудиоопрема се на принципот: стимул и одѕив на системот. Стимул е сигнал со познати карактеристики кој се донесува на влезот на тестираниот уред и се мери одѕивот на излезот на уредот. Преформансите на уредот кој се тестира се одредуваат со споредба на влезниот и излезниот сигнал и одредување во колкав степен овој сигнал е деградиран при процесирањето во уредот кој се тестира. Често се врши цела лепеза на мерења со менување на фреквенцијата и амплитудата на влезниот сигнал во одреден спектар на вредности за да се добие посакуваната информација за перформансите на системот со одредување на односот на соодветните пакети на влезни сигнали и нивниот одѕив на излезот на уредот кој се тестира.
Во текстот што следува ќе стане збор за врската помеѓу објективните мерења и субјективните перцепции на звукот, за изборот на мерен сигнал и за хармониските и интермодулациските изобличувања.

Клучни зборови:

Мерење на хармониски изобличувања

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.