Емитер 9/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
PS1 – нов ловец на астероиди;
PEUGEOT 3008 HYBRID4 CROSSOVER;
GEFORCE GTS 450;
Нова технологија за изработка на листови од графен?;
Збогум Google Wave!;
По 30 год. Работен стаж дискетите одат во пензија;
Нов Линукс Кернел 2.6.35;
Ледениот океан се полни со CO2;
FERMI на квадрат;
Нови аудиорикордери од DENON PROFESSIONAL;
Збогум ATI!;
Нова лузна од минатото;
Роботи-хирурзи;
Таинствен ѕвезден облак;
FERMI QUADRO;
Вештачки клетки кои можат да комуницираат;
Водоземците збришани пред да бидат откриени;
Откриен нов астероид околу Нептун;
Чешките искуства со ЕУ Директивата за енергетска ефикасност на згради;
ACER ASPIRE ONE D255;
Кинески научници изработиле побрз MRAM;
Проблеми за меѓународната вселенска станица;
Нови SONY DSLR фотоапарати;
Соларна енергија од прозорец;
Вакцина против пушење;
По 30 год. Работен стаж дискетите одат во пензија
Во март 2011 година, токму на триесеттиот роденден, главниот производител на дискети Sony, ќе го прекине нивното производството. Оваа вест беше објавена неодамна во јапонскиот весник "Mainichi Daily". Можеби ќе рече некој - рано е, има време. Но, не е баш така - со време преснимете си ги сите материјали кои ви се битни или со кои емоционално сте поврзани. Ова предупредување е особено битно за постарите генерации, бидејќи помладите веќе заборавиле дека постоеја дискети, или, пак, воопшто не ги користеле.
Значи, дискетите после 30 години работен стаж заминуваат во пензија. Со тоа ерата на овој пиши-бриши медиум на кој можеше да се складира содржина од 1,44 MB конечно ќе заврши и дискетите ќе станат минато. Во последните години Sony произведувала околу 12 милиони дискети само за домашниот пазар. За споредба, во далечната 1990 година, пред 20 години, произвела 2 милијарди дискети само во таа година.
Зошто ќе се збогуваме со овој медиум? Пред сè поради малиот капацитет. Капацитет од 1,44 MB е многу мал за денешните потреби. Нејзиното место веќе го заземаа CD дисковите и USB стикчињата со своите гига-капацитети, но во 1981 година дискетите беа бум, иако на нив можеше да се сними содржина од само 720 KB. Шест години подоцна се појави таканаречената 3,5 инчна класична дискета со капацитет од 1,44 MB. Во 1990 година се појавија и дискети со 2,88 MB капацитет, но не заживеаја од технички причини - не одговараа на можностите на тогашното ниво на развој на технологијата. Во тоа време 2,88 MB беше огромен капацитет, иако тој капацитет денес не е доволен за да се сними една песна во MP3 формат, или една добра фотографија!
Покрај Sony, друг најголем производител е "Verbatim" и таа и понатаму произведува и ќе произведува дискети наменети главно за пазарот во државите на некогашниот Советски Сојуз. Овој медиум и понатаму се одржува на овие пазари, особено во финансиското и даночно работење. Само во 2009 год. оваа компанија на тие пазари продала 50 милиони дискети!
И хардверската индустрија веќе повеќе години не вградува во своите компјутерски уреди флопи-драјв. Прва која престана да вградува флопи-драјв беше компанијата Apple во 1998 година, а неколку години по неа престана и компанијата "Dell".
"Сè тече сè се менува". Настаните еве уште еднаш ја потврдија оваа вистина.
Калина С. Андонова
Вештачки клетки кои можат да комуницираат
Инспирирани од социјалното однесување на мравките, инженерите на Универзитетот во Питсбург, Пенсилванија (САД) создале вештачки клетки способни да се самоорганизираат во пооделни групи кои можат да комуницираат и соработуваат. Ова истражување претставува значаен чекор напред во производството на синтетски клетки кои се однесуваат како природни организми и би можеле да извршуваат значајни задачи на микроскопско ниво од интерес во хемиската или фармацевтската индустрија или во медицината, на пример.
Вештачките клетки, наречени, исто така, микрокапсули, комуницираат, се движат самостојно и пренесуваат "товар" како, на пример, разни хемикалии потребни за одредени реакции. "Но, најбитно е тоа што биолошки инспирираните уреди функционираат исклучиво со помош на прости физички и хемиски процеси, однесувајќи се како комплексни природни организми, без да се составени од комплицирана внатрешна биохемија која би ја имало соодветно живо битие" рече Ана Балас, автор и професор на наведениот универзитет.
Микрокапсулите општат меѓу себе со лачење на наночестички на сличен начин како што биолошките клетки комуницираат и се собираат во соодветни групи. Исто како мравките, тие оставаат хемиска трага долж нивната патека известувајќи ги останатите микрокапсули за патот што треба да го следат. Истражувачите напоменуваат дека содејството на микрокапсулите се состои во размена на два типа наночестички. Клетките кои сигнализираат лачат наночестички познати како "агонисти" што ги поттикнува микрокапсулите – примачи да лачат наночестички познати како "антагонисти".
Емилијан Иљоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.