Рубрика: Омнибус
Кратки информации
Автор: Н Н
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Нова генерација на Touch искуството;
Чудната прстенеста галаксија;
Одговорот на Intel;
Два нови монитори од TVLogic;
Web Fest 2010;
Нови AMD процесори;
Доделени наградите од конкурсот "Вип Андроид предизвик";
ЕС963 - микрофон со вградени три капсули;
Нова сезона во хаклабот КИКА;
Новите смарт телефони Оптимус на LG;
Лабораториски произведен црн дроб;
Firefox 4 е пред вратата;
HP Envy - луксузна компјутерска серија;
Книга "Воздухопловна метеорологија";
5 години Агенција за енергетика на РМ;
Како Google го добил името;
HP семинар;
UniPal – универзалното "другарЧе" од Hähnel;
Прва активност на куси бранови како мобилен пешак

WEB FEST 2010
Во периодот од 16 септември до 18 ноември оваа година по трет пат се одржува Web Fest 2010, првиот регионален интернет - фестивал. Со темата "Сè е на Web", фестивалот е посветен на изборот на најдобар регионален веб-сајт или веб-проект, како и на промоција и унапредување на користењето на глобалната електронска мрежа на овие простори. Покрај натпреварувачкиот карактер, фестивалот е збогатен и со панел - дискусија за регионалниот Интернет, како и иднината на интернет-комуникациите кои го прошируваат знаењето за мрежата како медиум, но и како деловен пазар.
Пријавувањето и гласањето ќе се врши на адресата www.wfest.org, а церемонијата на објавување на победникот ќе биде одржана на 18 ноември 2010 година во Белград.
Основниот принцип е едноставен. Секој може бесплатно да пријави веб-сајт за учество во натпреварувањето и тоа не само својот сајт. Сè што треба заинтересираните да направат е да отидат на дадената адреса, да ја внесат адресата на сајтот што го номинираат и да изберат една од категориите во кои таа припаѓа. Натпреварувањето е поделено во два дела, гласање на стручно жири и гласање на публиката. Стручното жири е составено од професионалци од светот на веб-дизајнот и веб-бизнисот, а предлозите ги оценува според прецизно дефинирани критериуми. Публиката го бира победникот со гласање, а сајтот или проектот со најголем број број гласови е победник. Новина е што оваа година публиката гласа за еден единствен и најдобар регионален веб-сајт.
Пријавувањето на сајтовите почна на 16 септември и траеше до 3 октомври. За вашите најомилени сајтови можете да гласате до 31 октомври. Панел - дискусијата ќе биде одржана во текот на траењето на фестивалот. Свечената церемонија на доделување на наградите ќе биде одржана на 18 ноември во Белград.
Web Fest прв пат беше организиран во 2007 година. Постигна голем успех добивајќи поддршка како од веб-заедницата, така и од познати личности, организации, здруженија, деловни луѓе и претставници на државната и локалната управа.
Невенка Стојановска

5 години Агенција за енергетика на РМ
Минатиот месец Агенцијата за енергетика на Република Македонија ги одбележа првите пет години од своето постоење. За овој краток временски период Агенцијата активно учествуваше во спроведувањето на неколку проекти со кои постигна конкретни и видливи резултати: Проектот за одржлива енергија на ГЕФ и Светската банка; Проектот за финансирање на инвестиции во енергетска ефикасност на UNECE; Проектот "Создавање средина за воведување на енергетска ефикасност на градежни објекти во РМ"; новоодобрениот Проект за енергетска ефикасност и обновливост – енергетска политика на локално ниво одобрен од ЦЕЕ транснационалната програма на ЕУ; како и Проектот за формирање на база на податоци за ветерната енергија во РМ финансиран од италијанското Министерство за животна средина, земја и море.
Агенцијата за енергетика активно учетвуваше и во изработката на четири правилници од областа на енергетиката со цел нивно усогласување со европското законодавство, како и во изработка на студија за утврдување на можностите за финансирање во ветерни паркови, целокупната постапка за набавка на четири мерни станици за ветерна енергија, обработка на податоците и изработка на студија за интегрирање на ветерната енергија во преносниот систем на Република Македонија.
Прославата која го одбележа скромниот но значаен јубилеј се одржа на 6.09.2010 во Клубот на пратеници, во рамките на која беше промовиран и новиот инфоцентар за обновливи извори на енергија на Агенцијата кој започна со работа следниот ден.
По тој повод Емитер на инфо-центарот на Агенцијата за енергетика подари 100 примероци од разни броеви на Емитер во кои ги обработува темите за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност.
Инфоцентарот за енергетика се наоѓа на улица "Максим Горки" во Скопје. Замислен е како место каде граѓаните ќе може да се информираат за начините на кои нивните домови може да станат енергетски поефикасни, како да ги искористат обновливите извори на енергија и да биде врска помеѓу обичниот граѓанин, компаниите кои нудат готови решенија за употреба на обновливи извори на енергија и агенцијата за енергетика. Инфоцентарот освен преку директно давање на информации во просториите, планира да ги информира граѓаните и преку поширока кампања со делење на информативни летоци и брошури. Се размислува и за семинари и работилници каде граѓаните и компаниите ќе може директно да контакираат. Се очекува и скорешна промоција на нивната веб-локација, за уште побрза комуникација со граѓаните. Во меѓувреме повеќе информации може да се добијат директно во просториите на инфоцентарот или на тел.: 075/402-345 а наскоро ќе биде отворена и фиксна линија. Првично планирана временска рамка за проектот е 3 години од неговото отворање.
Невенка Стојановска

Статуетката која им се врачува на победниците на WebFest

Влезот на инфоцентарот на Агенцијата за енергетика

Стручните лица од инфоцентарот може да ви одговорат на прашањата кои ги имате за алтернативните извори на енергија.

Овде ќе може да подигнете и информативни летоци за "зелената енергија".

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.