Емитер 1/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Произведен најмалиот керамички кондензатор од 22µF/25V;
Патент на годината 2010 за Владимир Филевски;
Вклучување светло ноќе е штетно, но има решение;
САД ќе развива нови ракетоплани?;
Нелегален софтвер – ризик за потрошувачите;
Софтвер за лекување нервни болести;
Нови HP десктоп системи од бизнис линијата;
IP-калипсата се приближува
Со помош на наноцевки научниците успеваат да издвојат пооделни јони;
AMD RADEON HD 6879 и 6950;
Нов тип атомска меморија;
Младото ѕвездено јато Westerlund 2;
Мобилен телефон што се полни во џеб;
GeForce GTX 570;
Живот врз база на арсен!
Патент на годината 2010 за Владимир Филевски
Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија секоја година, на свечен начин, официјално ги предава медалите и дипломите на македонските пронајдувачи кои тие ги добиле на познатите светски саеми на пронајдоци и патенти. Исто така, го избира и го наградува најдобриот македонски патентиран пронајдок со плакетата Патент на годината. На 21 декември 2010 година, во Домот на пратениците на свечен начин беа предадени медалите и останатите признанија на македонските иноватори, кои тие ги добија на меѓународните саеми на пронајдоци IENA 2010 во Нирнберг, Германија и на меѓународната изложба "Иновации од жени пронајдувачки" KIWIE 2010 во Сеул, Јужна Кореа. Информација за македонските добитници на медали и останати признанија од IENA 2010 во Нирнберг веќе објавивме во ЕМИТЕР, а во оваа прилика да ги истакнеме добитниците на медалите KIWIE 2010 во Сеул: Ленче Аџиска за пронајдокот "Формулации што содржат комбинација на цинк сулфат и етерично масло од ајдучка трева за третман на вирусот херпес симплекс" и Катерина Горачинова за пронајдокот "Формулација и подготовка на алгинатни-ЦА микросфери со постапка на сушење со распрскување".
Од сите пронајдоци патентирани во Република Македонија во 2010 година, Државниот завод за индустриска сопственост го избра пронајдокот на Владимир Филевски "Засилувач за 50/60 Hz" за Патент на годината 2010. Пронајдокот на нашиот соработник Владимир Филевски подетално ќе биде претставен во следниот број на ЕМИТЕР, во рубриката ЕУРЕКА.
Вклучување светло ноќе е штетно, но има решение
Истражувачи од Велика Британија тврдат дека мошне штетно е ноќе да се вклучи светлото бидејќи тоа претставува шок за организмот и дури кога трае само неколку минути. Според нив овие светлосни удари врз организмот можат да предизвикаат појава на тумор на мозокот.
Кога ќе се вклучи светлото, велат тие, се будат и задвижуваат одреден вид клетки кои можат да формираат тумор на мозокот. Ова не е некое изненадување, според нив, бидејќи познато е дека зголемениот ризикот од појава на рак на дојка и тумор на простата во многу истражувања се поврзува со изложеност на вештачко светло на работници кои работат во ноќна смена. Ново е тоа што за првпат е утврдено дека дури и кусо изложување на вештачко светло го зголемува ризикот од појава на тумор и тоа на мозокот.
Истражувањата се вршени врз експериментални глувци на Универзитетот Лестер, под водство на Караламбос Киријаку. Во текот на експериментот, група на глувци била изложена на вештачко светло во траење од еден час. Кога биле извршени споредувања со глувците кои биле држени во мрак се покажало дека кај глувците кои биле изложувани на вештачко светло дошло до промени во ќелиите во мозокот одговорни за внатрешниот часовник, кој ги контролира телесните функции.
Слични тврдења дава и група израелски истражувачи кои вршеле експерименти независно од Британците. Доктор Рахел бен Шломо, од Универзитетот во Хаифа, им советува на луѓето кои се будат ноќе да одат во WC да не вклучуваат светло. Таа вели: "Постои голем ризик од секое вклучување светло за време на ноќта. Палењето на светлото ноќе влијае на внатрешниот часовник во човечкиот организам, кој е многу осетлив. Решение е поставување на светилки кои светат со слаб интензитет, но кои даваат доволно светлина за одредена потреба".
Поттикнати од овие истражувања компанијата Arkon Resurse дојде до решение на проблемот произведувајќи мала направа наречена LavNav, кратенка од NavigationLavatory. LavNav за само 19,99 долари е технолошко умно решение за сите непријатности и ризици кои се јавуваат при ноќно палење светло за одење во WC. Малата направа бара само две АА батерии, а не ги троши брзо бидејќи се активира само кога ќе детектира движење, но мана му е што без светло мора да се дојде до WC шолјата. Штом ќе се дојде до неа светлото веднаш се активира, но ја осветлува само неа и тоа со слаба светлина, која не само што не предизвикува болка во главата заради блесокот од јака светлина и не е ризична за појава на тумор на мозокот туку и не ги буди и другите членови од семејството. LavNav има уште една погодност: свети црвено кога даската за седење е крената и зелено кога е спуштена. Кога ќе се оддалечи корисникот светилката сама се гаси. LavNav е со мали димензии, а во кутивчето од бела пластика сместени се светлосни сензори од предната страна, а од задната леплива лента за прицврстување.
Калина С. Андонова
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.