Емитер 6/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Хибриден хард диск;
e-REAL количка;
Прво лансирање на сонда придвижувана од соларно едро;
Loging telko road show 2010;
Synology решенија за централно чување податоци;
Програмирана е брзината на стареење;
Panduit partner meeting;
Златен, сребрен и два бронзени медали за нашите млади иноватори во Хјустон;
Уреди за аудиотестирање и мерење;
Nvidia fermi и во лаптоп системите;
Нов версаче мобилен телефон со ЛГ технологија;
Една "анемична" галаксија;
Продавница на Conrad во Македонијa;
Знаевте ли дека.......;
20 години на Микросам;
Со Вип и Андроид до 500 000 денари;
ЗЛАТЕН, СРЕБРЕН И ДВА БРОНЗЕНИ МЕДАЛИ ЗА НАШИТЕ МЛАДИ ИНОВАТОРИ ВО ХЈУСТОН
Седумнаесетгодишниот Николче Колев од светиниколското село Ерџелија и неговиот соученик Стефан Кузманоски од Тетово освоија прво место и ја добија наградата "Гран при" на еден од најголемите Меѓународни натпревари во иноваторство, International Sustainable World 2010 (I-SWEEEP 2010), кој се одржа на 18 април во Хјустон, САД. На оваа истражувачка Олимпијада учесниците се натпреваруваат во три категории: energy, enguneering и environment. Двајцата ученици во трета година во скопското средно училиште "Јахја Кемал" на натпреварот учествувале во конкуренција на 470 проекти од 70 земји од сите континенти. На оваа иноваторска Олимпијада на млади учествувале 1000 иноватори од целиот свет. Нивниот проект за производство на биопластика го освои првото место во категоријата екологија-сениори (environment), во која имало вкупно 170 проекти. Покрај медали тие ќе добијат и парична награда, по 1000 долари, како и степендија од 2000 долари за студирање на Универзитетот во Хјустон. Прогласувањето на победниците во Хјустон беше на 18 април, а ноќта меѓу 18 и 19 април директниот четиричасовен пренос од доделувањето на наградите во Хјустон го имаше и на интернет.
Што се однесува до проектот, Американците биле изненадени од неговата сеопфатност. Проектот е за производство на биопластика, која се разградува побргу од сите други пластики, произведена од целулоза ацетат и засилена со природни памучни и конопени влакна, а која ќе може да се употребува за изработка на текстил, кутии за пакување, контејнери и др. Оваа пластика се распаѓа за една година, а онаа која денес се употребува за 100 до 500-тини години! Со овој проект во јуни годинава, Николче и Стефан ќе учествуваат и во Амстердам, Холандија, на натпревар кој се одржува вторпат, а тие се први учесници од Македонија.
Инаку, на овие наши млади иноватори ова не им е првпат да добијат високи награди за иноваторство. На истиот натпревар лани младите истражувачи Колев и Кузманоски го освоија второто место со проект за производство биодизел од водни растенија. Колев во 2008 година освои "сребро" и на уште едно големо светско натпреварување, во Адана, Турција, каде šшто настапи со својот детектор за метали.
На I-SWEEEP 2010 година македонските млади иноватори добија и сребрен и два бронзени медали. Венера Глигоровска и Бранислав Стојков, од истата гимназија, добија сребрен медал за проектот "Споредба на влијанието на азотни ѓубрива и азот", исто така во категоријата екологија. Анита Најдова и Ели Зајкова пак, се закитија со бронзен медал за "Намалување на отпадоците од железната руда и цијанидот".Во категоријата, пак, енергија, бронзен мадал освоил Артан Сулејмани со проектот "Диви костени – совршена евтина суровина за производство на биодизел".
Честитки за сите! Нека редат уште многу награди и признанија. Тие се млади пронаоѓачи од Македонија кои ја промовираат нашата земја на најубав можен начин. Честитки и за нивниот ментор, професорката по хемија, Емел Шериф.
К. С. Андонова
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.