Електроника

При вклучувањето на вашиот аудиозасилувач на моќност во звучниците се слуша оној непријатен звук кој се манифестира во вид на удар "туп" и со голем од на мембраната кој може да го оштети звучникот/ците. Исто така, на излезот од засилувачот може од различни причини (од оштетување или откажување на една или повеќе компоненти од засилувачот) на излезот да се појави поголема вредност на DC напон кој трајно може да ги оштети (изгори) намотките на звучниците.


Астрономија и астронаутика

Радикално нов поглед кон светот, според кој универзумот не постои во реалноста, туку тој е креација на нашата свест. Авторите на овој очигледно филозофски пристап т.н. биоцентрична интерпретација на универзумот, тврдат дека неа ја поткрепуваат физички закони, особено квантната механика. Па, ќе ја проследиме нивната идеја..


Автомобилска техника

Не може да се замисли добар автомеханичар без да ја поседува способноста да го оцени и да го протолкува изгледот на свеќичката од моторот. Секако, од тоа и да изведе значајни заклучоци потребни за оцена на состојбата на моторот, како и значајна помош при донесувањето на вистинската дијагноза доколку нешто не е во ред со истиот.


Информатика

RAID е едноставна технологија која овозможува поврзување на два или повеќе дискови со цел да се подобрат перформансите, да се зголеми сигурноста на податоците впишани во нив, а овозможува и комбинирање на овие две особини. Падот на цените на хард дисковите и зголемувањето на нивниот капацитет го доближи RAID концептот до обичните просечни корисници повеќе од кога било.


Фототехника

Во минатиот број на Емитер разгледавме некои аспекти на влијанието на параметрите на осветлувањето. Видовме на кои начини можеме да ја држиме острината и размачкувањето под контрола, со цел да постигнеме одредени ефекти. Продолжуваме во таа насока со обработка на типични примери од оваа област.


Електроника

За изработка на оваа електронска брава се потребни три широко распространети CMOS интегрирани кола и десетина дополнителни компоненти. И покрај едноставноста, во изведба со десет тастери, таа се активира со една од илјада можни комбинации на пристапниот код.


Електроника

Овој аларм е наменет за обезбедување на простории кои се наоѓаат близу до местото на престој на сопственикот во текот на ноќта. Тој е комбинација од квалитетен сензор на движење и едноставен електронски склоп за сигнализација.


Аеронаутика

Меѓу љубителите на авијацијата често се водат дискусии кој авион е најдобар. Некои тврдат дека најдобриот авион е оној што е изграден во најголем број. Овој пристап е лош, бидејќи постојат различни авиони кои се успешни за својата намена, но за неа не се потребни голем број на авиони, додека други авиони се изградени во голем број, бидејќи во даденото време се јавила потреба за авиони со таква намена, а немало време за конструкција за нов подобар авион со таква намена.


На граница на науката

Постојат бројни сведоштва на луѓе кои сонувале дека ќе им случи некоја страшна несреќа, па така предупредени тие утредента благовремено ја избегнале. Или, сонувале дека нешто убаво ќе им се случи, па тоа навистина им се остварило. Дали некој буден чувар бдее над животите на луѓето и им дошепнува ноќе во сон што да направат или е тоа обична случајност?


Архитектура и градежништво

Топлинско-изолациските својства на градежните материјали се карактеризираат со нивниот коефициент на топлинска спроводливост, λ (ламбда). Материјалите со вредност ламбда помала од 0,065 W/(m·K) се сметаат за добри изолациски материјали. Лидер меѓу нив е експандираниот полистирен, популарно познат како стиропор. Познавањето на неговите физичко-механички и хемиски карактеристики е основен предуслов за неговата трајност во градежните конструкции.


Електротехника

Темата на оваа статија е да се покажат некои од можните решенија чија цел е максимално намалување на ризикот од оштетување на ICT инсталациите и на опремата на современите згради од последиците на директното или блиското атмосферско празнење, како и од пренапони предизвикани од дејствувањето на електромагнетниот импулс на атмосферското празнење (LEMP), но и од пренапоните што се резултат од операциите на вклучувања / исклучувања или на дефект на НН и ВН мрежа (SEMP).


Аудио и видеотехника

Тонската миксета C10 HD на познатата фирма SSL (Solid State Logic) претставува извонредна комбинација на задоволување на многуте спротивставени потреби во поглед на физички димензии, цена и перформанси. Миксетата нуди добра стабилност во експлоатацијата и перформанси приспособени за директно емитувана програма, со вешто упростен дизајн и лесна оперативност. Сето тоа е спакувано во облик кој може секого да задоволи и во поглед на цената и во поглед на компактноста.


Фототехника

Имате желба да снимате детали од далечни објекти (мечки, волци, ...) од безбедно, големо растојание, но и широки пејзажи, плус минијатурни цветчиња на растојание од 2 центиметри? Тогаш ви е потребен фотоапарат со многу голем распон на зум-објективот, а и да има можност за макро снимање. И да не е многу скап. Невозможно? Имате среќа, токму таков е Nikon CoolPix L110.


Информатика

Растербатор е мала, интересна е крајно лесна за користење програма, со чија помош фотографии со релативно мала големина можат да се растеризираат до големина на постер/плакат.


Информатика

Убунту 9.10 донесе многу промени и подобрувања, како на системско ниво така и на корисничко ниво. Овие промени остануваат видливи со многу подобрувања како и изненадување на графички дизајн во новиот Убунту 10.04.


Информатика

Бутабилните USB стикчиња можат да послужат за инсталирање на оперативен систем во случај на откажување на оптичкиот уред. Исто така, од него може да се стартува антивирусна програма, како и ред други можности.


Историја и археологија

Една евангелистичко-христијанска екипа истражувачи излезе со информација дека ја"пронашла арката на Ное". Но, археолозите и историчарите ја оспоруваат веродостојноста на наодот.


Електроника

Во овој последен напис за бројачите опфатени се кружните бројачи и нивната специфична изведба, позната како Џонсонов бројач. Што е тоа специфично, ќе видите ако внимателно го следите текстот, а на крајот ќе најдете и нешто за 7-сегментните индикатори, тема на која малку се обрнува внимание без некоја особена потреба.


Електроника

Новиот сензор за температура и влажност на специјализираната фирма за производство на интегрирани сензори - Сензирион (Sensirion) воспоставува нови стандарди на ова поле, особено со својата точност, доверливост и мал габарит. Со потполно нов дизајн во иновативната CMOSens технологијата, тој ги надминува постоечките достигнувања, а перформансите на сензорите од овој тип ги подигнува на ново, повисоко ниво.


Информатика

Во трката за што поголема процентуална застапеност на пазарот, мини-ITX форматот се наметнува како битен фактор. Високата технологија во мини издание е комбинација кон која целат голем број купувачи, па затоа е јасно зошто речиси сите производители на матични плочи му придаваат сериозно значење. Особено откако USB 3.0 станува стандардна опција.


Информатика

На прв поглед Auslogic BoostSpeed дејствува како една од многуте слични алатки за оптимизација на системот. Можеби, но интеграцијата на дополнителни модули кои најчесто се сретнуваат како посебни апликации ја прават комплетно решение.


Аудио и видеотехника

AG-3DA1 е првиот во свет, професионален потполно интегриран HD 3D камкордер што снима на мемориска картичка. Тоа е камера-рикордер за 3D продукцијата, уред за видеозапис со повеќе можности, но и со поголема флексибилност и сигурност. AG-3DA1 е алатка со која лесно се ракува при земање и снимање на квалитетни содржини, но е и одлична тренинг алатка за едукатори.


Телекомуникации

Постојаното следење на возилата кои ги извршуваат работните задачи на компанијата не треба да буди погрешни асоцијации со "Големиот брат" на Орвел, бидејќи тоа е општокорисна придобивка на модерната технологија, со чија употреба паметните менаџери ќе станат Големи менаџери, а вредните работници – работници со Голема плата.


Информатика

Веќе долго време, на пазарот на тврди дискови постојат, според перформансите, три основни типови. Првиот, со најслаби перформанси го претставуваат модели кои работат со брзина на вртење од 5400 вр./минута и овие модели го користат оние кои, всушност, немаат никакви посебни побарувања, освен, се разбира, обично складирање на податоците. Вториот тип на тврди дискови се оние кои работат со брзина на вртење од 7200 вр/минута и спаѓаат во групата маинстреам тврди дискови.


Роботика

Од 3. до 8. мај во Скопје се одржа вториот собир на љубителите на роботиката. Повеќе од 150 учесници од цела Европа имаа можност да следат обуки од македонските експерти и реномирани светски имиња од областа на роботиката. За Робомак 2010 разговараме со Стефан Митески, еден од организаторите.


Омнибус

Хибриден хард диск;
e-REAL количка;
Прво лансирање на сонда придвижувана од соларно едро;
Loging telko road show 2010;
Synology решенија за централно чување податоци;
Програмирана е брзината на стареење;
Panduit partner meeting;
Златен, сребрен и два бронзени медали за нашите млади иноватори во Хјустон;
Уреди за аудиотестирање и мерење;
Nvidia fermi и во лаптоп системите;
Нов версаче мобилен телефон со ЛГ технологија;


Писма
"Сепак се движи"
Преправки на автоматот за училишно ѕвонче
Замена на компоненти во 50W робустен засилувач
50W робустен засилувач во автомобил?
Топлинска изолација на ѕид од непечена тула