Емитер 6/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Топлинско-изолациските својства на градежните материјали се карактеризираат со нивниот коефициент на топлинска спроводливост, λ (ламбда). Материјалите со вредност ламбда помала од 0,065 W/(m·K) се сметаат за добри изолациски материјали. Лидер меѓу нив е експандираниот полистирен, популарно познат како стиропор. Познавањето на неговите физичко-механички и хемиски карактеристики е основен предуслов за неговата трајност во градежните конструкции.
Производ за топлинска изолација е материјал кој има функција да го намали топлинскиот проток низ конструкцијата со која е во контакт или во која е вграден. Способноста на некој материјал во помала или во поголема мера да се спротивставува на минувањето на топлината низ него, односно тој да има топлинско-изолациски својства, зависи од неговата микроструктура. Без исклучок, сите изолациски материјали содржат воздушни шуплини (микро-ќелии, пори), така што густината на материјалот може да биде и многу мала, на пример, кај најефикасните изолациски материјали таа изнесува само 10 - 15 kg/m3. Процентот на воздушните шуплини во однос на волуменот на материјалот, големината на шуплините и нивниот меѓусебен однос (дали ќелиите се затворени секоја за себе или воздухот во нив комуницира, како и некои други фактори), го одредуваат степенот на изолациската моќ на самиот материјал. Со намалување на димензиите на воздушните шуплини расте изолациската моќ, така што кај најдобрите изолациски материјали воздушните шуплини се со микроскопска големина.
Физичката големина со која се карактеризира својството на некој материјал да се спротивставува на минувањето на топлината се вика коефициент на топлинска спроводливост. Негов симбол е грчката буква λ (ламбда). Коефициентот λ се дефинира како количество топлина што за време од една секунда минува низ материјал со дебелина 1 m и површина 1 m2, при температурна разлика од 1 K помеѓу двете страни на материјалот. Единица за λ е W/(m·K). Колку е помала вредноста λ, толку помалку минува топлина низ материјалот, односно материјалот има толку подобри топлинско-изолациски својства.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.