Емитер 6/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Овој аларм е наменет за обезбедување на простории кои се наоѓаат близу до местото на престој на сопственикот во текот на ноќта. Тој е комбинација од квалитетен сензор на движење и едноставен електронски склоп за сигнализација.
Просторијата која се штити од несакани провалници постојано се набљудува од квалитетен сензор на движење. Ако сензорот детектира движење на човек во штитената зона, тој генерира сигнал кој ѝ го соопштува на централата. Централата потоа треба да го извести сопственикот за движењето во штитената зона. Сензорот кој е употребен во овој случај реагира на следниот начин: при детекција на движење отвора еден рид-релеј во период од 3 секунди. Оваа реакција ми се чинеше соодветна за и без посебна обработка од страна на централата да се проследи до корисникот. Поради едноставност решив да користам едноставна зујалка (бузер) како сигнализатор на алармот.
Освен оваа основна функција (сигнализација при активирање на сензорот), централата треба да одговори уште на две барања. Првото барање е избор на начин на работа на алармот. Првиот начин на работа на алармот е со известување на провалникот дека е ''фатен'' од алармниот систем, при што го предупредуваме и се надеваме дека тој ќе избега. Вториот начин на работа е: таен аларм. Кај овој начин на работа после првиот сигнал од алармот слушаме дали има понатамошно движење во штитената зона. Ако присуството на несаканиот гостин се потврди со неколку сигнали од сензорот, решаваме дали ќе вклучиме предупредување или ќе земеме безбол палка и самите тоа ќе му го ''соопштиме''. Второто барање кое треба да го задоволи централата е активирање на аларм и при секакво оштетување на сензорот или, пак, прекинување на каблите до сензорот од страна на ''побистар'' провалник. Како што ќе видиме понатаму, овој иако едноставен склоп ги задоволува сите наведени барања.
PIR сензор;
Оптокаплер: MOC3020;
Тријак: BTA08
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.