Рубрика: Информатика
Матична плоча Gigabyte GA-H55N-USB3
Автор: Зоран Ивановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во трката за што поголема процентуална застапеност на пазарот, мини-ITX форматот се наметнува како битен фактор. Високата технологија во мини издание е комбинација кон која целат голем број купувачи, па затоа е јасно зошто речиси сите производители на матични плочи му придаваат сериозно значење. Особено откако USB 3.0 станува стандардна опција.

Минатите два месеци ги одбележа експанзијата на mini-ITX матични плочи со USB 3.0 приклучоци. Gigabyte не остана настрана од случувањата и ни понуди свое видување како треба да изгледа матична плоча од оваа категорија. Gigabyte GA-H55N-USB3 овозможува градење на сериозен десктоп систем за различна намена. Базирана е на H55 чипсетот на Интел од новата генерација, што подразбира поддршка за сите досегашни LGA1156 процесори изработени во 45 nm технологија, како и за новите Core i3, Core i5 и Core i7 32 нанометарски процесори.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.