Рубрика: Електротехника
Заштита на ИЦТ инсталации и опрема од дејствувањата на струјата на атмосферско празнење и на пренапоните (1)
Автор: Ивица Фудурич
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Темата на оваа статија е да се покажат некои од можните решенија чија цел е максимално намалување на ризикот од оштетување на ICT инсталациите и на опремата на современите згради од последиците на директното или блиското атмосферско празнење, како и од пренапони предизвикани од дејствувањето на електромагнетниот импулс на атмосферското празнење (LEMP), но и од пренапоните што се резултат од операциите на вклучувања / исклучувања или на дефект на НН и ВН мрежа (SEMP).
Во овој дел е даден краток вовед за ICT инсталациите како и објаснување за влијанието на надворешната заштита од атмосферско празнење, начинот на положување на водовите и влијанието на изедначувањето на потенцијалот врз информатичките и компјутерските инсталации.

Денес современите згради повеќе не дозволуваат класичен пристап на проектирањето на електричните инсталации што до неодамна беа поделени на "силна" и "слаба" струја, и треба да укажуваат на потребата за максимална координација при изработката на многу сложени електрични проекти за вакви објекти. Современите телекомуникациски системи, системите за видеонадзор, разните системи за контрола (bus-системите, компјутерските мрежи, управувањето со машинските инсталации - од опрема за климатизација и вентилација до системите за далечинско следење на работата на лифтовите, управување со осветлувањето и со врвната моќност, системите за јавување на пожар и за автоматско гасење) и системите за кабелска телевизија денес се врз основа на преносот и обработката на дигитални сигнали. Овие дигитални системи се нарекуваат и системи на информатичката и комуникациската технологија (ICT-Информатички и комуникациски технологии) или ICT инсталации. Во однос на инсталацијата, по вградена опрема и комплексноста на ICT системи далеку ги надминуваат енергетските и другите инсталации во т.н. "интелигентни" објекти, и претставуваат скелет од кој зависи целокупната нивна функционалност. Истовремено, ICT инсталациите сè повеќе се чувствителни на пренапоните предизвикани од директно атмосферско празнење, на пренапоните од електромагнетни импулси на атмосферското празнење (LEMP), но и од пренапоните предизвикани од операциите на вклучувања / исклучувања или дефект на НН и ВН мрежа (SEMP). Слика 1 го покажува ефектот од дејствувањето на пренапоните на еден сегмент од комуникациски систем што не беше соодветно заштитен. Тоа доволно ја илустрира потребата да се посвети потребното внимание за заштита од пренапони на ICT инсталациите и опрема на начин кој ќе обезбеди оптимални решенија со поголема и што порана интерактивна соработка на сите учесници во изработката на проектот. Исто така, неопходно е да се укаже на некои недостатоци во тековната практика на поделба на електричните проекти на делови и да се поттикне примената на проектантските решенија, што се во согласност, како со најновите европски стандарди така и со праксата во ЕУ.

Клучни зборови:

Ефект на дејствувањето на пренапоните поради несоодветна заштита на опремата.

Можните последици од поминувањето на струјата на атмосферско празнење низ инсталациите (појава на индуктивни јамки во водовите).

Можни влијанија на ICT каблите со поголема должина што можат да поврзуваат две згради (појава на електрично и електромагнетно поле).

Резултат на лошата изведба на изедначување на потенцијалот во инсталациите.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.