Рубрика: Електротехника
Заштита на ICT инсталации и опрема од дејствувањата на струјата на атмосферско празнење и на пренапоните (2)
Автор: Ивица Фудурич
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Темата на оваа статија е да се покажат некои од можните решенија чија цел е максимално намалување на ризикот од оштетување на ICT инсталациите и на опремата на модерните згради од последиците на директното или блиското атмосферско празнење, како и од пренапони предизвикани од дејствувањето на електромагнетниот импулс на атмосферското празнење (LEMP), но и од пренапоните што се резултат од операциите на вклучувања / исклучувања или на дефект на НН и ВН мрежа (SEMP).
Во овој дел е објаснето влијанието на електричното напојување врз ICT инсталациите (надворешни и внатрешни влијанија, и координација со технолошко усовршување на одводниците од класа I), како и мерки за намалување на преостанатиот напон.

Надворешните влијанија врз ICT инсталацијата може да се поделат во три категории:
1. Влијанија од директното или од блиското атмосферско празнење во електричните постројки и системите за пренос (LEMP - Lightning Electromagnetic Pulse);
2. Влијанија од индиректните дејствувања на атмоферското празнење (и индуктивно и капацитивно) на надворешните и на внатрешните енергетски инсталации;
3. Влијанија од пренапоните од дефекти во енергетските постројки или од операциите на вклучувања/исклучувања во тие постројки (SEMP - Switching Electromagnetic Pulse).
Како што е познато, основа на претходните стандарди кои се опфатени со новиот стандард IEC 62305 е Концептот за заштитни зони од пренапони, чија примена во праксата гарантира ефикасна заштита на ICT инсталацијата и опремата дури и во случај на директно атмосферско празнење.
Концептот утврдува три подеднакво значајни делови на системот за заштита: надворешна заштита (громобранска инсталација, темелен заземјувач и заштита од индуктивни дејствувања), внатрешна заштита (одводници на струјата на атмосферско празнење и одводници на пренапон) и изедначување на потенцијалот во и меѓу дефинираните заштитни зони.

Клучни зборови:

Начин на поврзување на одводници на пренапони за TNC-S систем на напојување.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.