Рубрика: Електротехника
Неверојатниот Тесла (2): 125 години превласт на Теслиниот систем на полифазни струи.
Автор: Емилијан Иљоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Никола Тесла, човекот кој го осветли светот, често е нарекуван и човекот кој го измисли 20. век! И тоа не без причина, ништо пред него и ништо по него веќе не е исто! Тој со својот систем за пренос на електрична енергија заснована на полифазните струи, овозможи светот да ислезе од дотогашата темнина и да прерасне во свет достоен за живот.

Навистина, и денес после 125 години, безмалку целата електрична енергија се произведува и се пренесува до нејзините потрошувачи според системот на Тесла развиен во 1888 година. Тоа е навистина плодна година за Тесла, тука не се само полифазниот систем и вртливото магнетно поле кое овозможи изработка на асинхрон мотор во истата година, туку, во прв ред, тоа е комплетниот двофазен систем за дистрибуција на електрична енергија заедно со збир на трансформатори кои дозволуваат многу мали губитоци при преносот на далечина.
Овие изуми прелиени во педесетина патенти се заокружени во 1891 година со помалку познатите изуми на Тесла како елекричното броило со концепт кој сè уште се употребува во многу домаќинства и дури во последните години полека се заменува со електронските броила, како и кондензаторската спрега за претворање трофазни и двофазни мотори во конфигурација погодна за приклучување на еднофазен напон, која сè уште нема достојна замена.

Клучни зборови:

Теслините двофазни генератори со моќност од 1000 кс на светската изложба во Чикаго (1893)

Фотографија од лабораторијата во Колорадо Спрингс снимена во екот на "војната на струите" во пропагандни цели.

Томас Едисон, промотор на еднонасочните струи и жесток противник на Теслиниот систем на полифазни струи

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.