Рубрика: Електротехника
Неверојатниот Тесла (1): 120 години од првата јавна презентација на радиопренос
Автор: Емилијан Иљоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Никола Тесла, неповторливиот гениј на електрицитетот, го заслужи своето место меѓу великаните на науката, не само поради својата инвентивност туку и поради многуте грешки што историјата ги направила во однос на неговите, по многу нешта единствени научни дела. Изумот на радиопреносот е еден очигледен ваков пример, кој сè уште не е исправен: До ден-денес во учебниците се споменува името на Гиљермо Маркони како изумител и темелник на радиото. Фактите не покажуваат ништо друго, освен дека Маркони само ги применил добро познатите патенти на Тесла!

Навистина, првата јавна презентација на радиопренос е извршена на 1 март 1893 во Сент Луис (САД), иако Тесла претходно на неколку наврати веќе ги имаше изнесено своите принципи на радиопренос во неговите многу бројни предавања во периодот од 1891 до 1893, па и на последното, кое му претходеше на оваа јавна презентација пред колегиумот на Френклиновиот институт во Филаделфија (САД), на 23 фревруари 1893, каде што детално беа изнесени основните приципи на безжичната комуникација. Јавната презентација во Сент Луис именувана како "За светлината и другите високофреквентни феномени", како и бројните понатамошни презентации на оваа тема беа во прв ред асоцирани како системи за безжичен пренос на енергија, област на која Тесла £ дал најголемо значење во своите долгогодишни истражувања, додека безжичниот пренос на информации бил третиран како "логичен тек на работите", односно како "специјален случај" на безжичен пренос на енергија. Дотолку повеќе, Тесла на многу наврати потенцирал дека неговите системи можат паралелно да пренесуваат и енергија и информации, идеја која го најде своето вистинско место дури и во последните 10-ина години со разработување на соодветни системи напојувани од енергијата што ја "жнеат" од околината (energy harvesting) и остваруваат потполна автономија во работата примајќи од или испраќајќи до околината соодветни информации. Тоа значи дека Тесла не бил само 5 или 10 години пред времето на Маркони, туку и 100 години пред времето на една цела плејада електроинженери!

Клучни зборови:

Оригинална скица на Теслиниот засилувачки предавател (1895)

Уметничко видување на првото јавно прикажување на дале¬чински управуваниот брод на Тесла (1898)

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.