Рубрика: Електротехника
Нова промотивна понуда на Makita алати од Лотулс
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 14.03.2023 - 16:45

Зимскиот сон заврши и време е одново да започнете со работа во градината и домашната работилница, секако со вистинскиот алат. Сите домашни ентузијасти секако ќе ги израдува новата понуда од една од најреномираните компании за продажба на алат на македонскиот пазар – Лотулс, кои продолжуваат со нови промотивни изненадувања.

Имено, до крајот на месец март Лотулс на потрошувачите им нуди можност да се стекнат со висококвалитетниот алат на Макита по намалени цени. Понудата со цени намалени од 30% до 60 %, вклучува неколку видови на акумулаторски дупчалки, акумулаторски одвртувачи, повеќе видови брусилки, пиштол за топол воздух, акумулаторска убодна и акумулаторска кружна пила, бисквитарка за жлебови, акумулаторска мешалка, акумулаторски екстрактор за прав, повеќе комбинирани акумулаторски алатки, како и цел сет на акумулаторски алати, но и сет рачен алат во куфер. За градинарите во понудата се вклучени акумулаторска дувалка, акумулаторски ножици за жива ограда, акумулаторски компресор, но и пакети кои вклучуваат акумулаторска косилка + акумулаторски алат + јакна со капа + уште неколку корисни додатоци. А за работата да врви како песна, во понудата е вклучено и блутут радио со двоен извор на енергија. Сите предмети во понудата се од програмата на јапонскиот производител Макита кој веќе одамна е синоним за професионален квалитетен алат ширум светот. Потврда за ова е и тригодишната гаранција што го придружува секој од нив.

Залихите од оваа промоција се мошне ограничени, а резервации не се можни, така што побрзајте да ја искористите оваа понуда што ќе важи до крајот на овој месец, за докомплетирање на вашиот професионален или домашен сет алати. Како што нè информираат од Лотулс нарачките надвор од предвидениот промотивен рок нема да бидат прифатени.

Повеќе информации за понудата на Лотулс може да најдете на нивната фејсбук страница тука

 

--- комерцијален напис ---

Клучни зборови: