Рубрика: Електротехника
Промена на долно ребресто црево од машина за перење
Автор: Томе Скендеровски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Промената на долно ребресто одводно црево од машина за перење алишта не е некоја тешка операција, но си бара малку вештина и искуство во манипулирањето со гумени елементи како што е цревото. Во текстот кој следува ќе ја објаснам и ќе ја искоментирам оваа постапка. Целта е да ги охрабрам сите оние помалку упатени и неодлучни кои имаат намера и сакаат самите да го променат ова дотраено црево на своите машини за перење, тоа и да го направат. Советите и препораките се однесуваат за машината од фирмата GORENJE (постар модел), но исто така, како генерални препораки и совети, важат и за другите марки на машини за перење, како и за останатите црева од казанот кои по конструкција се слични на ова црево за кое станува збор.

Пред неколку месеци, само при центрифугирањето, од средината на предниот дел од пералната започна да протекува вода. Со оглед на тоа што казанот и тегот не се скапани, а водата протекува од средината на предниот дел од машината, заклучокот е дека е попуштено гуменото ребресто одводно црево. Цревата (и воопшто, гумените делови) не се поправаат, ниту се заменуваат со стари, но исправни. Тие секогаш се заменуваат со нови.

Клучни зборови:

Изглед на ребрестото црево на неговото работно место

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.