Старa е вистинaтa дека без алат нема занает, дека алатот мора да е квалитетен, дека рачниот алат мора добро да “лежи” на рака, дека алатот штеди време, дека рачниот алат не смее да го повреди операторот, дека... Сето ова, а и многу други комплименти, со право ги има заслужено и со гордост ги истакнува шведскиот производител на рачен алат Бахко (Bahco). Шведска е позната технолошка светска суперсила, Шведска е позната по одличниот челик којшто нема конкуренција и Шведска е позната по својата моќна индустрија. Сето ова го гарантира врвниот квалитет на фирмата Бахко, која е позната пред сè по производството на суперквалитетен алат за сечење. Но, и другите рачни алати се предизвик и гордост за оваа фирма. За Бахко нема нерешлив проблем во делот на понудата за рачен алат. Генерално, покриени се речиси сите потреби од рачен алат во практиката.
Квалитетен алат значи дека тој ќе е долговечен, сигурно и безбедно ќе си ја врши својата работа и, што е најважно, не може да се случи неговата употреба да го оштети механизмот што се поправа. Ова најмногу го знаат и го ценат мајсторите. Алатите на Бахко во оваа смисла немаат конкуренција и нудат гаранција за тоа.
Фирмата Бахко постои речиси 130 години и има два центра. Првиот е во Шведска и тој се занимава со производство на алат за сечење, позната како Cutting Division, а другиот е во Шпанија и е познат како Turning Division, кој се занимава со производство на универзален рачен алат. Креативноста на експертите од Бахко и примената на најновите и најквалитетни машински материјали се гаранција и најдобра препорака вистинскиот избор на професионалците да биде алатот Бахко. Нивната понуда од преку 15 000 производи ги задоволува практичните потреби и на најпребирливите професионалци, со најголеми барања, а тоа е цел и прв мотив во нивната работа.
Бахко може да се пофали и со над 400 патенти во светот, што оди на нивното конто како голема посветеност кон купувачите, a во прилог на ова е и фактот што BAHCO прв има воведено ергономија кај алатите. Едноставно, ако го барате производителот број еден, во светски рамки, на рачен алат од врвен квалитет, изборот ќе биде само Бахко (Bahco). Повеќе информации на следниве линкови тука, тука и тука
БАХКО е присутен во Македонија преку компанијата Еуроимпекс. Познатата македонска фирма Еуроимпекс веќе 24 години е генерален увозник на Бахко во Македонија. На нејзината веб-страница (тука) можат да се најдат повеќе податоци за овие алати и, секако, целокупната палета на нејзини производи е претставена во каталози во PDF формат, кои можат да се преземат од оваа веб-страница и од нив да се нарача потребниот алат. Повеќе за Бахко и нивните производи можете да видите тука