Рубрика: Електротехника
Безбедност за вашите прсти кога работите со циркулар
Автор: Мики Крстевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6-7/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во текот на својот работен век како професионални или хоби мајстори, многумина претрпеле фатална повреда која значела отсекување на дел од прстот при работа со циркулар. Американската компанија Saw stop во својата гама на производи располага со циркулари кои имаат заштита против отсекување или повреда на кој било дел од вашето тело. Како всушност функционира оваа технологија, кои се нејзините можности и ограничувања, ќе откриеме во овој напис.

На нашите простори многу е застапена примената на циркулари за обработка на дрво, како за професионална употреба, така и за хоби употреба. Циркуларот е една од најосновните машини коишто се употребуваат за обработка на дрво, па ќе го сретнете речиси во секоја работилница. Почнувајќи од изработка на мебел, изработка на прозорци, изработка на куќичка за вашето милениче сè, ќе го направите со помош на циркулар. Кога се работи за циркуларите, ги следи една лоша статистика за здобиени повреди, или во превод, нема мајстор кој се занимава професионално со обработка на дрво, а да не му фали дел од некој прст. Технологијата на stop saw се занимава со третирање на оваа проблематика и заштита од несакани повреди при работа со циркулар. Како всушност функционира оваа заштита?

Клучни зборови:

Циркуларот целосно застанува по само 4 милисекунди од допирот

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6-7/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.