Трагајќи по "двојник" на Земјата, досега астрономите откриле бројни мали егзопланети, но, сите тие се, сепак, во значајна мера димензиски поголеми од Земјата, па припаѓаат во категоријата т.н. "супер Земја". Меѓутоа, деновиве астрономите објавија дека орбитерот Кеплер детектирал прва егзопланета од типот "Земја", со големина речиси иста колку Земјата, и со орбита во т.н. "животна зона" околу нејзината матична ѕвезда.