Рубрика: Архитектура и градежништво
Обука за енергетски контролори
Автор: Петар Николовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Повеќе од 20 години во Република Македонија не постоеше регулатива на полето на заштеда на енергија во градежниот сектор. Во почетокот на 2014 година Министерството за економија донесе два правилника (Правилник за енергетски карактеристики на згради и Правилник за енергетски контроли), кои со помош на пропишаните методологии за пресметки и критериумите за максимално дозволени годишни енергетски потреби за згради, треба да овозможат оптимална заштеда на дефицитарната енергија. За верификација на енергетските карактеритики на зградите преку издавање на т.н. енергетски сертификат (пасош), задолжени се енергетски контролори, чија обука е во тек кај 5 правни лица лиценцирани за вршење оваа обука. Истовремено, во рамките на Комората на овластени архитекти и овластени инженери формирано е Одделение за енергетска ефикасност и соодветна Комисија за издавање на овластувања за изработка на проектна документација од енергетска ефикасност.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.