Рубрика: Архитектура и градежништво
Стаклото во функција на енергетската ефикасност на зградите (3)
Автор: Петар Николовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Современата технологија во производството на елементите за застаклување во зградите, т.н. стакло-пакети, овозможува оптимално користење на сончевата енергија. Со комбинација на 2 или 3 стакла, со исполнување на меѓупросторот со некој благороден гас и со метализирани премази врз одредени површини на стаклата, се добиваат балансирани односи помеѓу максимално пропуштање на светлината во внатрешноста и максимално задржување на топлината во внатрешноста.

Во минатите два броја на ЕМИТЕР, во статиите за застаклени елементи во зградите (прозорци, застаклени надворешни врати, натсветла итн.), односно за стаклото кое претставува значаен фактор во дефинирање на енергетските карактеристики на зградите, пишувавме генерално за сончевата енергија како огромен потенцијал кој може да се користи во форма на неисцрплив извор на енергија со примена на најновите технолошки решенија при креирање на стакло-пакетите како составен дел на прозорците. Во овој број подетално ќе ги опишеме факторите на сончевото зрачење кои, според поставените барања при дизајнирање на стакло-пакетите, можат да дадат оптимални решенија.

Клучни зборови:

Енергетски фактори при обично, монолитно стакло.

Ефекти од сончевото зрачење низ прозорец со двослојно застаклување, рефлектирачки метализиран слој и полнеж со благороден гас

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.