Рубрика: Архитектура и градежништво
Проект CEPHEUS и нула енергетска куќа
Автор: Петар Николовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Како преоден чекор од нискоенергетски кон нулаенергетски згради, градењето пасивни згради беше предизвик на неколку земји од ЕУ, заеднички да го реализираат проектот за градба на повеќе станбени единки и да го постават стандардот за максимално дозволени потреби за греење од 15 kWh/m2 во текот на грејна сезона. Притоа, императив беше, со примена на најнови достигнувања на полето на изолациските материјали, системи и градежни компоненти, технолошки решенија, софистицирана опрема и, пред сè, со користење обновливи извори на енергија да ја докажат и економската оправданост за градба на ваков вид објекти.
Чекор напред претставува градба на нулаенергетска зграда, која годишните потреби од енергија за греење автономно ги обезбедува со сопствена опрема за активно користење на сончевата енергија (панели за добивање топла вода), така што зградата е независна од надворешни енергетски извори.

Врз база на германските искуства, во периодот 1998 - 2001 год. беше реализиран Европскиот проект за стандарди за економско оправдани пасивни згради, CEPHEUS (Cost Efficient Passive Houses as EUropean Standards), кој ги постави основните принципи и стандарди за згради. Со Проектот беа опфатени 221 станбена единка во 14 градежни проекти, со учество на Германија, Шведска, Австрија, Швајцарија и Франција.
Целите на Проектот беа да се реализира и во практика да се потврди исполнувањето на барањата од поставените критериуми, кои важат како европски стандард за пасивни згради:
– вкупна топлинска енергија за греење на зградата: 2a;
– вкупна финална енергија за зградата: 2a;
– вкупна примарна енергија за зградата: 2a;
– параметар за комфор (внатрешна температура): θi = +20°C;
– земање предвид на локалните климатски услови: степен ден (DD).
За реализација на поставените критериуми, секоја од земјите-учеснички во проектот CEPHEUS, независно од другите, има направено свој избор на градежни материјали, особено на изолациските материјали и системи и ги има дефинирано составите на градежните конструкции. Со оглед на различните традиции во градењето и разликите во климатските услови, постои разлика во приодите за постигање на крајната цел: максимална потрошувачка на топлина за греење од 15 kWh/m2 на годишно ниво, што е првиот услов за стандардот за пасивна зграда.
За да се постигне и вториот услов – вкупна финална енергија за зградата (енергија потребна за ладење во лето, вентилација, подготовка на санитарна топла вода, електрична енергија за осветление и работа на домашните електрични уреди) помала од 42 kWh/m2, нужно внимание е посветено при изборот на системите и потребната опрема.
Кога станува збор за пасивни згради, императив е оптимално користење на обновливите извори на енергија (сонце, геотермална енергија, ветер итн.). Без употреба на овој вид енергија, не е можно да се задоволи и третиот критериум, максимално дозволена примарна енергија од 120 kWh/m2 на годишно ниво.

Клучни зборови:

Изглед на нулаенергетски куќи во Хановер.

Соларните панели на нулаенергетска куќа во Берлин.

Монтажа на резервоарот.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.