Рубрика: Архитектура и градежништво
Влага во градежните конструкции, пародифузуја и парна брана
Автор: Петар Николовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Присуството на влага во градежните конструкции може да потекнува од надворешни фактори (градежна влага во материјали навлажнети пред вградување, влага од дефекти на водоводни и канализациски инсталации, влага од продор на атмосферска вода), но и од внатрешни извори како што е кондензирана влага внатре во слоевите на материјалите на градежни конструкции при процесот на дифузија на водена пареа во зима.

Присуството на влага во градежните конструкциите на објектите во кои престојуваат луѓето не е пожелно од повеќе аспекти. Пред сè, од медицински аспект влагата во просториите за престој е штетна и таа може да предизвика несакани здравствени проблеми. За ова зборувавме во минатиот број на ЕМИТЕР. Меѓутоа, влагата во конструкциите може да биде причина и за појава на помали или поголеми градежни штети за кои е потребна санација, односно потребни се дополнителни финансиски трошоци. Најопасни штети можат да се случат доколку навлажнета конструкција во одреден момент се најде во зона со температури под 0°C при што доаѓа до мрзнење на влагата, а мразот предизвикува разорување на структурата на материјалот во кој настанало мрзнењето. На ваква опасност се изложени надворешните конструкции како што се фасадните ѕидови, покривите итн.
Од каде доаѓа влагата во конструкциите?
Постојат повеќе можности за појава на влага.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.