Рубрика: Архитектура и градежништво
Нискоенергетски, пасивни и нула енергетски згради - 3
Автор: Петар Николовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Пасивното користење на сончевата енергија како еден од начините за обезбедување топлина во грејната сезона е основа на која функционира една пасивна зграда. Со примена на конструктивно-архитектонски решенија во зградата, овозможено е оптимално пасивно користење на сонцето. Дополнително потребната енергија за греење, за пасивните згради да го исполнат условот – максимални годишни потреби од 15 kWh/m2, се обезбедува од друг вид обновлив извор, геотермална енергија и уреди за нејзино користење – топлински пумпи. За функционирање на пасивната зграда (опремата, уредите за домаќинство, осветлението) најголем дел од потребите од електрична енергија може да го обезбедат системи за активно користење на сонцето – фотоволтажни панели, интегрирани во самиот објект. Дел од потребите за санитарна топла вода во текот на целата година, исто така се обезбедува со соларни панели кои активно го користат сонцето. Меѓутоа, со оглед на релативно високите финансиски средства потребни за сите наведени елементи од софистицираната опрема, потребна е сеопфатна анализа за економска оправданост и одржливост на инвестицијата.

Клучни зборови:

Топлински загуби и добивки на пасивна куќа во грејна сезона

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.