Информатика

За невообичаено кратко време од првичното претставување пред јавноста, моделот на cloud computing се постави како значаен чекор во еволуцијата на начинот на кој се извршуваат пресметките на податоците. Еден од концептите на овој модел се однесува на околината во која се извршуваат апликациите, и е насочен кон тоа да самите апликации не бидат зависни од одредена хардверска или софтверска платформа.


Астрономија и астронаутика

Според најновите податоци од сеизмичките потреси на Земјата, две екипи, независно една од друга, излегле со хипотеза според која "срцето" на Земјата перманентно се обновува, што значи дека тоа е постојано помладо од самата Земја!


Фототехника

Кога во прашање е фотографија која ќе заврши во нашиот личен албум, компактноста и едноставноста на ракување на фотоапаратот се става во преден план на сметка на сеопштиот технички квалитет на снимениот материјал. Компактноста во прв ред се остварува со можни зум објективи кои заменуваат цела лепеза објективи: од широкоаголни до моќни телеобјективи.


Омнибус

Традиционално, Дедо Мраз не исконтактира преку редакцискиот e-mail за да не извести со какви подароци ќе ја наполни неговата торба оваа година. Изборот е интересен, на Дедо Мраз навистина не му недостасуваат идеи. Затоа, читајте внимателно, можеби тука се крие идеалниот подарок со кој сакате да изненадите некој свој близок?


Автомобилска техника

Погонските AC електромотори ќе бидат тема на ова продолжение. Тоа е бесконечна тема, премногу интересна, а во автомобилскиот погон предизвиците се уште поголеми затоа што е нагласена потребата од што е можно полесна конструкција и што е можно поелегантно и попрецизно нивно управување.


Астрономија и астронаутика

Астрономите откриле нов модел на планетски систем. Имено, во 6 различни екстрасоларни планетски системи, тие детектирале егзопланети, кои орбитираат ретроградно, т.е. во спротивна насока од насоката на ротација на нивната матична ѕвезда околу нејзината оска!


Аудио и видеотехника

FOR-A, компанија која произведува аудио и видеоопрема за бродкаст и професионална видеоиндустрија на NAB2010 Show во Лас Вегас, го прикажа својот нов производ LTR-100HS и ја доби престижната награда Pick-Hit Award за 2010. LTR-100HS е уред за видеоархивирање во кој е вграден последниот стандарден начин за складирање, LTO-5. Со неговиот неверојатен капацитет од 1,5 TB, LTR-100HS може да се користи и како сервер за размена на материјали и програми.


Електроника

Можеби новите WINDOWS генерации не го паметат DOS оперативниот ситсем , но тој се уште не се "пензионирал". Тој веќе одамна не е оперативен систем кој се наоѓа на секое PC, но сепак постојат места каде што наоѓа примена, пример како RTOS системот.


Информатика

Доколку имате познавање на HTML и веќе знаете да ги вметнувате различните формати на содржина на вашата веб страница, JavaScript е одличен избор на скриптен јазик со кој можете да ја унапредите комуникацијата со корисникот. Следете ги нашите написи и со секое продолжение откривајте понешто за JavaScript-от. Тука, освен теоретскиот дел ќе најдете и готови, интересни и објаснети кодови со кои можете да ја започнете вашата успешна кариера како дизајнер на web страници.


Архитектура и градежништво

Пасивното користење на сончевата енергија како еден од начините за обезбедување топлина во грејната сезона е основа на која функционира една пасивна зграда. Со примена на конструктивно-архитектонски решенија во зградата, овозможено е оптимално пасивно користење на сонцето.


Омнибус

Откритие на забрзаното ширење на вселената преку набљудување на далечни супернови, откритието на квазикристали, истражувања за активирање на вродениот имунитет, откритието на дендричните ќелии и нивната улога во стечениот имунитет се некои од откритијата кои на нивните автори им ги донесоа Нобеловите награди за оваа година.


Астрономија и астронаутика

Облаци од водород широки повеќе од милион светлински год., повеќе или помалку густи, видливи како големи шари од боја, ете што ни открива картата на заднината на универзумот, за прв пат направена во 3 димензии.


Аудио и видеотехника

Среброто, златото и платината се благородни, скапоцени метали кои секој би сакал да ги има во својот дом. Британската фирма Audio Monitor произведува звучници со називи Silver, Gold и Platinum, кои во потполност го оправдуваат своето име – и по својот изглед и по квалитетот на звукот што го репродуцираат се вистински украс и благороден извор на звук за секој дом.


Електроника

Во овој дел од рубриката електроника во кратки црти ви презентираме нови компоненти и настани од светот на електрониката. Се надеваме дека следејќи ги актуелностите од оваа област ќе успееме да ве приближиме кон новите трендови во електрониката, а со тоа ќе добиете и поцеловит увид во производството на "главните играчи" во оваа област со постојан подем.


Електроника

Множењето со бинарните броеви е потешко од собирањето. Основната задача е да се добијат парцијалните производи, коишто по соодветно поместување треба да се соберат. Множењето се разликува во зависност од тоа дали се множат броеви без знак, броеви со знак или броеви со точка. За реализација на множењето се применува логички склоп наречен "собирач со паметење на преносот" (CSA).


Информатика

На 3 ноември оваа година се навршија полни 40 години од појавата на првиот комерцијален микропроцесор: легендарниот 4004. Денеска непоимливо скромно делуваат неговите 2300 транзистори и 4-битната архитектура, но после него веќе ништо не беше исто…


Информатика

Веќе стана пракса компаниите кои произведуваат софтвер за заштита од злонамерни програми на пазарот да исфрлаат верзии кои носат ознака на годината која доаѓа, во случајов 2012, неколку месеци пред официјалното таа и да пристигне. Kaspersky Lab не е исклучок од ова. Така, новата верзија на оваа компанија, Kaspersky Internet Security 2012, веќе им е понудена на конзументите.


Медицина

Зголемувањето на телесна тежина кај луѓето е алармантно, особено кај помладата тинејџерска генерација и кај децата. Недвижењето, седењето пред компјутер и земањето брза храна си го прават своето. Како последица на тоа страда организмот, се јавуваат голем број на здравствени проблеми и болести. Страдаат речиси сите органи, индиректно или директно: срцето, крвните садови, џигерот, како и целиот систем за движење, од колената до петиците. Затоа сите препорачуваат: да се намали тежината!


Омнибус

Друг поглед на вселената;
X-mini II Capsule Speakers;
Геј животни;
Tyler Minigyro Stabilizing Camera;
Колку е голем Марс?;
Во борбата со болестите на срцето клучот е кај тинејџерите;
Нов рачен скенер за брза дијагноза на меланом;
Новиот тест потврдува: неутрината се побрзи од светлината;
Хроничниот замор е предизвикан од вирус;
Знаевте ли дека ...;
Како се пресметува "нултото ниво" на Марс?;
CodeCamp 2011;


Годишен индекс

Рубриката Годишен индекс ви овозможува преглед на сите написи објавени во тековната година систематизирани по азбучен ред и научни области. Кога ќе го лоцирате насловот на написот кој ве интересира едноставно следете ги точките и дознавате во кој број на ЕМИТЕР тој бил објавен во тековната година и на која страница. Годишниот индекс е особено практичен прилог за читателите кои ги чуваат (укоричуваат) примероците од цела година.


Електроника

Често пати во нашето секојдневие, а уште повеќе во индустријата се јавува потреба од едноставно броење на некои настани во некој процес. Тоа може да биде број на луѓе кои влегле некаде, број на возила, број на јаболки кои поминале по лента, итн. Во ваква ситуација се што треба да се направи е да се смисли начин како да добиеме по еден електричен импулс за секоја единица која треба да се изброи, а останатата "комплицирана" работа ќе ви ја заврши електронското коло опишано овде.


Електроника

Пред извесно време еден читател ни предложи да објавиме проект на стерео засилувач со TDA1553Q. Со оглед на тоа што таков проект имаме објавено уште во ЕМИТЕР 3/95 и бидејќи ова ИК денес тешко се наоѓа ние одлучивме да објавиме проект со неговиот понов и поквалитетен наследник TDA1557Q. Двете интегрирани кола се пин-компатибилни, што значи дека во овој проект ќе може да се употреби кое било од двете кола, според изборот на секој што ќе се нафати да го изработува.


Електроника

Малата електроника со неколку транзистори и неколку пасивни компоненти ќе ја оживее дузината од малите лед искрички распоредени во облик на пламен од свеќата на новогодишната елка. Безуспешните обиди да се угасне пламенот со дување, како на роденденската торта, сега стануваат реалност. Насобраниот воздух во подуените детски обравчиња вткајува магија во експлозивното "пуфф", а кога "пламенот" од свеќата замрува, светнуваат детските очиња од среќа и љубопитност: како е тоа можно?


Информатика

Како што веќе најавивме во минатото продолжение во овој дел од серијалот ќе стане збор за прецизно цртање на технички цртежи, а особено внимание ќе посветиме на исцртувањето на блок-шеми, внатрешно уредување и електрични шеми. Можеби ќе се запрашате зошто токму CorelDraw кога за изработка на техничките цртежи постојат специјализирани програми чија намена е токму изработката на технички цртежи, со дополнувања за симулации, анимации итн.


Писма
Веќе познати и оригинални шеми
Реакција на написот "Макинова 2011 го досегна дното"