Рубрика: Електроника
DOS и RTOS
Автор: Кирил Крстевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Можеби новите WINDOWS генерации не го паметат DOS оперативниот ситсем , но тој се уште не се "пензионирал". Тој веќе одамна не е оперативен систем кој се наоѓа на секое PC, но сепак постојат места каде што наоѓа примена, пример како RTOS системот.

Што е интересното кај овој оперативен систем? Прво: многу е едноставен. ‘’Подигнувањето’’ на DOS на еден Pentium 3 се одвива за помалку од две секунди за разлика од подигнувањето на Windows Xp кое трае повеќе од една минута. При тоа, веројатноста да се појави некој MesaageBox со некоја порака на која во 99% случаи треба само да кликнете ‘’ОК’’ (и на која задолжително треба да одговорите инаку не оди) е многу мала кај DOS-от. Второ: овој оперативен систем работи со процесори, почнувајќи од интеловиот i8086, па сè до најсовремените PC процесори. Старите процесори можеби не може да работат со современи Windows апликации, но може да работат со поедноставни работи како што е контрола на некоја машина, индустриски процес или слично.
Сега некој ќе рече: Да, но за тоа постојат најразлични микроконтролери наменети токму за тоа, и ова ми личи на тепање на муви со топ. Така е, но зошто да не го искористиме и "топот" ако тој станал толку евтин за да си го дозволиме и тоа. Се сеќавам на една документарна емисија пред неколку години во која се зборуваше како некоја американска фирма откупува користени i80286 микропроцесори од некоја јапонска фирма и истите ги вградува во микробранови печки. Другата придобивка е во тоа што, луѓето кои се бавеле со апликативен софтвер за DOS може без поголем проблем да поминат на апликации за контрола на процеси без да учат повторно некој нов асемблер или друг јазик за конкретен микроконтролер. Во DOS има една датотека (AUTOEXEC.BAT) во која може да се наведе програмата која треба да стартува веднаш по вчитувањето на оперативниот систем, така што наменската апликација може веднаш да стартува само со вклучувањето на прекинувачот без присуство на човек кој ќе го надгледува ова.
Трето: DOS-от е многу полиберален оперативен систем од Windows-от во поглед на комуникацијата на сметачот со околината. Пример: За да пристапиме на паралелниот порт од Windows преку наша апликација мора да се обезбедиме со .dll драјвери за интерфејс кои не се бесплатни. Истото се случува и со пристап кон сериските (COM) порти. Додека во DOS-от тоа е многу лесно.
Имајќи го предвид ова, некои помали софтверски компании си го нашле своето место на пазарот на софвер токму во оваа област.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.