Емитер 12/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Кога во прашање е фотографија која ќе заврши во нашиот личен албум, компактноста и едноставноста на ракување на фотоапаратот се става во преден план на сметка на сеопштиот технички квалитет на снимениот материјал. Компактноста во прв ред се остварува со можни зум објективи кои заменуваат цела лепеза објективи: од широкоаголни до моќни телеобјективи.
Fujifilm произведува широк асортиман фотоапарати од серијата S со вградени моќни зум објективи. Тука спаѓаат моделите S1700 и S1730 со 15x оптички зум. Моделите S1800, S1850, S1950, S2800 и S2950 кој ќе ви го презентирам денес се со 18x оптички зум. Потоа доаѓат моделите S3200 и S4000 со 24x и 30x оптички зум респективно.
Како што на повеќе наврати имам нагласено, јас никогаш не го купувам најскапиот и најевтиниот производ од една класа од причини кои ги имам претходно обработено, затоа во оваа прилика ќе ви го претставам моделот Fujifilm FinePix S2950 кој е опремен со 18x оптички зум односно зум со импозантен опсег што во пракса тешко можеме да го искористиме во потполност.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.