Рубрика: Информатика
40 години од првиот микропроцесор
Автор: Емилијан Иљоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


На 3 ноември оваа година се навршија полни 40 години од појавата на првиот комерцијален микропроцесор: легендарниот 4004. Денеска непоимливо скромно делуваат неговите 2300 транзистори и 4-битната архитектура, но после него веќе ништо не беше исто…

Навистина, пред 4004 се говореше само за процесори и процесорски плочи како цели склопови со стотици (па и илјадници) TTL логички кола монтирани на една или повеќе печатени плочи. Тие неретко трошеа стотици ампери од стандардното 5-волтно напојување. После него, Муровиот закон дојде до полн израз и следеа неизоставните 8008, 8080, легендарниот Z80 продаден во преку милијарда примероци и x86 архитектура чија девета генерација моментално владее со светот на персоналните сметачи.
Заслугите за појавата на 4004 му се припишуваат на Федерико Фаџин (Federico Faggin), млад инженер на тогаш уште помладата фирма Интел. Фаџин подоцна ќе биде автор и на Интеловите 8008 и 8080 за во 1975 да се осамостои и да формира сопствена фирма Zilog која се прослави со микропроцесорот Z80. Z80 стана индустриски стандард и ден денес се произведува во импозантни 40 милиони примероци годишно.
Но, како што и обично бива, во последно време се повеќе заслуги за создавањето на 4004 им се припишуваат на оние кои останаа во Интел, а беа во развојниот тим заедно со Фаџин: Тед Хоф (Ted Hoff) и Стенли Мезор (Stanley Mazor). Како и да е, неспорно е дека архитектурата на Фаџин, за прв пат применета во микропроцесорот 8080, сè уште е во употреба во најновите Пентиум процесори и затоа тој се смета за еден од најзаслужните за сегашното ниво на дигиталната електроника. Фаџин и денес им пркоси на незапрливите сили на природата. Темпераментно и незадржливо тој и понатаму работи на проекти врзани со врвна технологија.

Клучни зборови:

Од лево кон десно: Федерико Фаџин, Тед Хоф и Стенли Мезор

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.