Емитер 204 - 4/2022.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Почетен настан во развојот на компјутерските науки во Македонија: Предавање за теорија на автомати
Опишан е пионерскиот настан во развојот на компјутерските науки во Македонија. Во 1968 година, во организација на Математичкиот институт со нумерички центар одржано е првото предавање од областа на копјутерските науки, под наслов Апстрактни автомати. Предавањето го одржа според сопствена статија Стево Божиновски, а настанот го водеше проф. д-р Ѓорги Чупона.
Во 1968 година, одржан е настан кој го обележува почетокот на развојот на компјутерските науки во Македонија [1]. Во амфитеатарот на Градежниот факултет во Скопје, одржан е семинар по кибернетика во организација на Математичкиот институт со нумерички центар. Директор на Центарот беше проф д-р. Ѓорги Чупона од Природно-математичкиот факултет.
Инспирација за семинарот на проф. Чупона беше книгата од Виктор Глушков од Киев, под наслов “Вовед во кибернетика”, оригинално напишана на руски. Книгата беше преведена на неколку јазици, а во 1967 и на српско-хрватски. Како таква, под наслов “Увод у кибернетику” се појави на саемот на книгата во Скопје во 1967, кој тогаш се одржуваше на левиот брег на реката Вардар, под калето. Книгата ја купија, независно, авторот на овој текст и професорот Чупона.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 204 - 4/2022. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.