Многу уреди што луѓето секојдневно ги користат се напојувани од микропроцесори направени од транзистори. Ова се должи токму на Муровиот закон кој во изминативе 40-тина години го диктираше темпото на развој во микропроцесорската технологија. Имено, три години пред коосновањето на Интел, Гордон Мур забележал дека транзисторите, основните клетки на микропроцесорите и дигиталното доба, ќе чинат сè помалку, а нивните перформанси експоненцијално ќе се зголемуваат. Во далечната 1965 год. тој не можел ни да претпостави како оваа идеја ќе го промени светот.
Во меѓувреме, телефоните и часовниците станаа паметни, а автомобилите се претворија во компјутери.
Првите транзистори за полуспроводници беа со големина на гумата од крајот на моливот. Денешните транзистори се невидливи за голото око. Како резултат на Муровиот закон, повеќе од 6 милиони денешни транзистори можат да се соберат во точката на крајот од оваа реченица.
Споредено со првиот Интелов микропроцесор, Интел 4004, денешните процесори испорачуваат 3 500 пати повеќе перформанси; 90 000 пати се поефикасни и чинат 60 000 пати помалку. Колку за споредба, кога Андроид телефон заснован на технологијата на Интел би се правел со користење на технологијата од 1971 година, микропроцесорот за овој телефон би бил голем колку едно паркинг место. Обидете се да направите селфи со него.
Муровиот закон е аспирација, не закон на природата. Тој е овозможен од армија луѓе кои ги туркаат основните закони на физиката. Духот на иновација поттикнат од него продолжува да ја трансформира не само технолошката индустрија, туку и светот. Денес, фабриките на Интел произведуваат преку 10 милијарди транзистори секоја секунда кои што напојуваат извонредни уреди што ги исполнуваат потребите на милијарди луѓе низ светот. Младите развојни инженери, вредните пронаоѓачи, надежните научници и доктори, како и безброј други, продолжуваат да го вчудовидуваат светот со идеи и достигнувања што денес не можеме ниту да ги замислиме.