Рубрика: Информатика
Cloud Computing
Автор: Костадин Солаков
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


За невообичаено кратко време од првичното претставување пред јавноста, моделот на cloud computing се постави како значаен чекор во еволуцијата на начинот на кој се извршуваат пресметките на податоците. Еден од концептите на овој модел се однесува на околината во која се извршуваат апликациите, и е насочен кон тоа да самите апликации не бидат зависни од одредена хардверска или софтверска платформа. Друг стандард кој се менува со примената на овој концепт е начинот на развој и "консумирање" на апликациите, при што тенденцијата е да се заменат цврстите врски и зависности помеѓу софтверските компоненти и корисниците на тие компоненти, со веб сервиси и веб базиран софтвер. Целта на овој напис е да им овозможи на читателите кои не се детално запознаени со моделот на cloud computing, да фатат чекор со технологијата која се развива со огромна брзина.

На кратко, терминот cloud се однесува на збир на технологии и трендови кои ја зголемуваат динамичноста, модуларноста и употребливоста на апликациите и платформите како и целата ИТ инфраструктура. Генерално гледано, ова претставува голема промена која има влијание во секој аспект на обработката на податоците. На крајните корисници, cloud computing-от им нуди модел за брзо поставување на сервиси како и прераспределба на ресурсите, во согласност со потребите на бизнисот. Со други зборови тоа значи да се има можност врз основа на пресметаните трошоците, потребните ресурси и слично, да се направи избор дали одредена апликација ќе се извршува на хардверот во рамките на компанијата или надвор од неа, па дури и на инфраструктура која е комбинација од двете. Гледано од страната на производителите, cloud архитектурата нуди нови методи на испорака на самите апликации, а се намалува просторот за грешка и проблемите кои се јавуваат при инсталирање на надградби или дополнителни модули.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.