Рубрика: Информатика
Награди SME Proof 2020: EnGenius Cloud платформа
Автор: Јулијана Дамјановска
Објавено на 26.04.2021 - 08:45

Во октомври минатата година долгоочекуваната платформа на EnGenius стана реалност. Сега, шест месеци подоцна, EnGenius Cloud е поуспешна од кога било. Услугата вклучува платформа во облак за активирање, пристапување и за менаџирање со пристапните точки и приклучоците на EnGenius. Се работи за бесплатна услуга која ги опремува и домовите и работните простории со интернет конекција на едноставен и исплатлив начин.

По сеопфатно тестирање на целосното решение производот ja доби награда SME Proof Award. Наградите се доделуваат на годишно ниво од уредничките тимови на WINMAG Pro и претприемничката платформа Baaz, за производи и за услуги кои нудат исклучителни решенија за модерните мали и за средните претпријатија. Наградите првично се објавуваат во  специјализираното списание , а потоа и во онлајн напис.

 

Во кратки црти

Се работи за една платформа во облак наменета за преглед и за конфигурација на мрежната опрема и нејзината употреба. Може да се користи секаде и во секое време, што ја прави одлична за „новиот нормален живот“.

EnGenius Cloud е дизајнирана за да ги елиминира проблемите со традиционалното менаџирање со мрежи. Денес веќе не е исплатливо да се прави гужва на една локација за да се идентификува или да се реши некој проблем. Мрежите мора да се прошируваат, конфигурираат и да се менаџираат од далечина.

За да го обезбеди токму тоа EnGenius Cloud работи целосно во облак. Партнерството со Amazon Web Services овозможува да се осигура конективност и скалирање нагоре или надолу, со брзина на светлината. Притоа сè се прави на далечина – oд инсталацијата на опремата до сегментирањето на мрежите и нивна инспекција.

EnGenius Cloud може да се користи бесплатно со сите EnGenius пристапни точки и приклучоци во облак, вклучувајќи ги и ECW220 (AP) и ECS1008P (switch). Можете да ги скенирате тие уреди преку апликацијата EnGenius Cloud и да ги додадете во мрежа.

Решенијата на EnGenius се достапни во КАБТЕЛ, партнер за Македонија. За да креирате оптимизирано wifi cloud решение за вашите потреби сертифицираните ИТ специјалисти за wifi мрежи ви стојат на располагање на 02/3103 230, info@kabtel.mk.

 

--- комерцијален напис ---

Клучни зборови: