Рубрика: Информатика
International Supercomputing Conference (ISC) 2012
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 21.06.2012 - 13:39

Од 17 до 21 јуни во Хамбург, Германија се одржува Глобалната конференција за суперкомпјутери - International Supercomputing Conference (ISC) спозорирана од Интел.
ISC 2012 собра на едно место 2400 научници, систем менаџери и истражувачи од компании и универзитети, како и претсавници на комјутерската индустрија од над 50 земји. Во неделата на Глобалната конференција на суперкомпјутери, над 300 експери - говорници зборува за сегашноста и иднината во развојот на компјутерите, за време на бројните презентации, работилници, панел дискусии и други сесии.
Присуството на Интел како спонзор на овој еминентен настан беше сериозно забежливо, а најпосетени беа двата штанда на кои оваа американска корпорација ги своите иновации. Rajeeb Hazra, подпретседателот на Intel ја најави новата серија на процесори од линијата Xeon едноставно наречени "Phi".
Можностите кои ги нуди оваа нова линија на Intel процесори беа дочекани со воодушевување. Малата потрошувачка на енергија, зголемен број на пресметки со подвижна запирка и подобреното паралелно процесирање се дел од придобивките кои ќе го направат суперкомпјутерското процесирање реалност дури и за помалите играчи на пазарот.