Рубрика: Автомобилска техника
Електроавтомобили (2): Погонски електромотори
Автор: Томе Скендеровски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Погонските AC електромотори ќе бидат тема на ова продолжение. Тоа е бесконечна тема, премногу интересна, а во автомобилскиот погон предизвиците се уште поголеми затоа што е нагласена потребата од што е можно полесна конструкција и што е можно поелегантно и попрецизно нивно управување. Но, и зголемените барања од типот на кондензација на влага и појава на мраз кои го блокираат моторот на ниски температури, па демагнетизација на магнетите при екстремно ниски и високи температури, па нагласената вибрација која размагнетизира и механички ги крши магнетите и ги исфрла од нивните лежишта итн. се нови предизвици со кои мора да се справи електромоторот кој се користи за погон на електроавтомобилот. Интересна тема се електромоторите, па да ги прокоментираме.

Последниве три децении направен е многу интензивен развој на електромоторните погони за автомобилите и во тие рамки, а во спрега со останатите системи како нивното управување и сл. невиден развој имаат доживеано AC моторите. Денешните електромотори се чудо на техниката, елеганција како во делот на примената на интересни идеи и системи (иако основните принципи на електромоторите не се изменети) така и на полето на технологијата за нивната изработка и материјалите од кои се направени. На големо се вршат испитувања и иновации на ова поле и треба да се очекува уште поголем пробив и посупериорни решенија кои и конечно би биле и комерцијално успешни. Повеќе за ова можете да прочитате во посочената литература [1].
Ние во овај текст ќе ги прокоментираме само основните проблеми со кои треба да се справи електромоторот на еден современ електроавтомобил. Потребно е да се знае дека денеска исклучително се користат AC мотори. Својствата на денешниве AC мотори се супериорни над DC моторите така што AC моторите за погон на електроавтомобилите денеска се стандард. Во општ случај слична е состојбата и за останатите електромоторни погони со исклучок на микромоторите.

Клучни зборови:

Современ асинхрон електромотор со кафезен ротор во расклопена состојба

Електромотор и генератор наменет за електроавтомобил кој би работел во исклучително неповолни услови

Класична електромоторна погонска група, вклучително и механички диференцијал

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.