Иако вградена, опцијата автопилот засега ќе остане исклучена во возилата Tesla. Причина – производителот на овој престижен електромобил сè уште нема добиено дозвола за употреба на оваа опција од регулаторната комисија на ЕУ.
Неколку купувачи кои веќе го добиле нарачаниот автомобил биле непријатно изненадени кога виделе дека опцијата за асистенција при возењето (автопилот) е исклучена, иако уредно платиле дополнителни 5 200 евра за неа.
Од TESLA информираат дека за моделот 3 имаат добиено писмена дозвола, што значи дека овој модел е одобрен за продажба во ЕУ. Очигледно, автопилотот не припаѓа на овој модел. Се нуди како опција во моделите S и X и неговото функционирање е одобрено. Во TESLA се надеваат дека ова недоразбирање набргу ќе се разреши и активирањето на автопилотот ќе биде одобрено во наредните недела до десет дена.
Инаку, во ЕУ, моделот 3 е достапен во три верзии – основната, со погон на две тркала и без “Performance” пакетот, по цена од 40 000 евра. Моделот со батерија со поголем капацитет (long distance) чини 55 400 евра, а врвот на понудата на Моделот 3 е performance изведбата по цена од 60 100 евра. Доплатата за друга боја е од 1 600 до 2 600 евра, интериор пакетот 1 050 евра, доплата за поинакви тркала 1 600 евра и споменатиот автопилот за 5 200 евра.