Рубрика: Електроника
Електронска свеќа за новогодишна елка
Автор: Петар Аврамовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Малата електроника со неколку транзистори и неколку пасивни компоненти ќе ја оживее дузината од малите лед искрички распоредени во облик на пламен од свеќата на новогодишната елка. Безуспешните обиди да се угасне пламенот со дување, како на роденденската торта, сега стануваат реалност. Насобраниот воздух во подуените детски обравчиња вткајува магија во експлозивното "пуфф", а кога "пламенот" од свеќата замрува, светнуваат детските очиња од среќа и љубопитност: како е тоа можно?

Посакав да изградам едноставен, но воедно интересен украс за новогодишната елка. Сигурно се присеќавате како вие или некој од помалите "сезнајковци" љубопитно се обидувал да ги угасне ламбичките од новогодишната елка. Се присетив и јас и помислив да направам новогодишна свеќа со обликуван пламен од десетина лед диоди, која ќе се гасне со дување како свеќичките од роденденската торта. Идеи рој. Да се пали на допир, да се гасне со дување...или и да се пали и да се гаси со дување?

Желбите за проширените можности само ја комплицираа шемата. Одлучив, не повеќе од 2-3 транзистори, без интегрирани кола. Да биде едноставна за градба, да проработува "од прво" и да нема никакви критични елементи, едноставно, по рецепт од "домашната кујна". Затоа и отпадна првичната замисла свеќата да ја изградам со smd LED диоди, иако веќе ја имав нацртано ППК за таа верзија. Конечно одлучив: пламенот на свеќичката да блесне со притисок на еден скриен тастер, а да се гасне со дување врз самиот пламен (врз скриен микрофон).

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1144
Кондензаторски (електрет) микрофон
минијатурен тастер
 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.