Рубрика: Астрономија и астронаутика
"Срцето" на Земјата е помладо од неа!
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Според најновите податоци од сеизмичките потреси на Земјата, две екипи, независно една од друга, излегле со хипотеза според која "срцето" на Земјата перманентно се обновува, што значи дека тоа е постојано помладо од самата Земја!

Од почетокот на XX-от век, геофизичарите "вооружени" со сеизмографи, ги прислушкуваат сеизмичките бранови емитувани од тектонските потреси на Земјата и на тој начин ја истражуваат нејзината внатрешност. Имено, тие бранови се шират во сите насоки, а дел од нив поминуваат низ внатрешното јадро и излегуваат на спротивната страна на планетата, па со компарација на брзината на ширење на брановите во различни насоки и анализа на нивниот спектар, геофизичарите се во состојба да ја препознаат структурата и дебелината на слоевите низ кои брановите поминале. При тоа важи начелото: колку средината е покрута, толку побргу брановите "патуваат" низ неа.

На тој начин геофизичарите идентификувале три големи составни делови на Земјата: јадро во нејзиниот центар со пречник 4700 km, обвивка околу јадрото со дебелина од 2900 km, и површинска кора, дебела 30-100 km, "исецкана" во неколку тектонски плочи кои меѓусебно се судруваат.

Своите сознанија геофизичарите ги збогатиле во 1960 година, кога додатно утврдиле дека јадрото содржи во својот центар "кугла" од цврсто железо (fer solide) со пречник од 2500 km, која "плива" во флуид од растопено железо (fer liquide), дебел 2200 km. Меѓутоа, ако сеизмичите бранови им овозможуваат на геофизичарите да ја детерминираат внатрешната структура на Земјата, тие исто така водат и кон 3 мистериозни енигми поврзани со нејзиното јадро, кои им создаваат главоболка на истражувачите во нивното настојување да го откријат потеклото на истите.

Клучни зборови:

Внатрешната структура на Земјата

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.