Емитер 7-8/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Колку ѕвезди содржи нашата галаксија? Досега астрономите проценувале дека таа содржи помеѓу 200 и 400 милијарди ѕвезди, но една екипа француски научници, астрономи, извршила "попис" на популацијата во нашата галаксија и констатирала дека таа содржи вкупно 140 ± 10 милијарди ѕвезди од 8 различни типови.
Досега астрономите можеле само да нагаѓаат колкав е бројот на ѕвездите во нашата галаксија, бидејќи огромна работа е да се утврди нивниот точен број, речиси дури и неможна. Проблемот е во тоа што е многу неповолно студирањето на некој ѕвезден систем - галаксија, ако тоа се врши од неговата внатрешност, како што тоа е случај со нашата галаксија, во која е "заронет" нашиот Сончев систем, каде што ние егзистираме. Имено, многу поповолно би било ако ние имавме можност да ја студираме нашата галаксија, гледајќи ја од надвор! Друг проблем е што еден голем дел од нашата галаксија нам ни е "маскиран" од акумулиран меѓуѕвезден гас и јагленова прашина, кои делуваат како густа магла, сокривајќи го просторот од нашите очи, така што тој станува непроѕирен за истражување. И димензиите на нашата галаксија се толкави што ниту орбиталниот телескоп Хабл, ниту гигантските стационарни телескопи на Земјата не се во можност да ги детектираат сите ѕвезди со оглед на тоа што во неа постојат и ѕвезди со едвај видлив сјај и ѕвезди кои наполно "згаснале".
Но, една екипа француски научници, под раководство на Ани Робин (Annie Robin) успеа да пронајде доволно ефикасно решение за надминување на сите овие пречки.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.