Како што откриваат истражувачите, црвената планета има густо јадро од течно железо опкружено со релативно тенок слој од стопени карпи. Откритието ја разреши загатката којашто потекна од сеизмичките мерења на Марс кои укажуваа дека планетата има изненадувачки големо а лесно јадро богато со елементи со мала густина.
Резултатите беа претставени во две одделни студии објавени оваа недела во Nature. Според претставеното планетата е составена од материјал бил општоприсутен во Сончевиот систем во времето кога Марс се формирал. Присуството на полесно јадро би значело дека тоа е составено од типови на елементи во сооднос којшто не би одговарал со оној од облакот од којшто конечно постанал Сончевиот систем.
Истражувачите ја одредиле структурата на внатрешноста на Марс преку проучување на сеизмичките бранови што ги детектираше лендерот InSight на НАСА. Сондата ги мереше “марсотресите” и одекнувањата од ударите на метеорити во планетата, во текот на нешто повеќе од четири години.
Брановите што се рефлектираат од слојот стопени карпи првично бил протолкуван како рефлексија од надворешниот раб на јадрото претпоставен радиус од околу 1800 километри и густина од 6200 килограми на кубен метар. Новото истражување додаде податоци за сеизмичките бранови што овозможија да се “пробие” овој стопен слој и да се открие вистинското срце на планетата.
Сеизмичките бранови (сината линија на илустрацијата) што се рефлектирале од надворешната површина на слојот од стопени карпи и биле детектирани од лендерот InSight на НАСА (долу лево) првично укажувале дека јадрото е поголемо и полесно одошто очекуваа планетарните научници. Реверберациите од удар на метеор во Марс (прикажано во горниот десен агол) предизвикале сеизмички бранови кои навлегле во слојот од стопени карпи, откривајќи го постоењето на помало, погусто железно јадро.
Самото јадро има приближно 10% помал радиус и поголема густина од претходно претпоставеното, при што едната група наоѓа дека густината изнесува 6650 килограми на кубен метар, додека во другиот труд се вели дека густината на јадрото е 6500 килограми на кубен метар.
A better understanding of Mars has implications far beyond the Red Planet. Mars and Earth were very similar when they first formed, says planetary scientist Henri Samuel of CNRS in Paris, and a coauthor of one of the new studies. “However, at some point these two planets diverged and Mars is now not habitable while the Earth is. Therefore, understanding how this divergence has occurred can tell us a lot [about] our own planet.”
Разбирањето на составот на Црвената планета значи и подобро разбирање на нашата планета. Имено, Марс и Земјата биле мошне слични кога првпат се формирале,но во одреден момент овие две планети се разделиле и сега Марс е безживотна олупина додека Земјата не е. Разбирањето како дошло до оваа дивергенција може да ни открие многу за нашата планета.