Рубрика: Информатика
Цртање во CorelDraw (5): Цртање на технички цртежи во CorelDraw
Автор: Невенка Стојановска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Како што веќе најавивме во минатото продолжение во овој дел од серијалот ќе стане збор за прецизно цртање на технички цртежи, а особено внимание ќе посветиме на исцртувањето на блок-шеми, внатрешно уредување и електрични шеми. Можеби ќе се запрашате зошто токму CorelDraw кога за изработка на техничките цртежи постојат специјализирани програми чија намена е токму изработката на технички цртежи, со дополнувања за симулации, анимации итн. Па, од една едноставна причина, софистицираните програми наменети за професионалци какви што се Autocad, Protel, Eagle, ..... се наменети токму за нив, па секој почетник или аматер кој ги прави првите чекори во машинството, архитектурата, електрониката и другите технички полиња може да "фати уплав" пред огромниот број на алатки кои одеднаш ќе се најдат пред него, а да не зборуваме и за менијата кои може да бидат крајно фрустрирачки со премногу опции и команди. Затоа додека солидно не навлезете во овие професионални води ќе треба да употребувате поедноставни програми кои во 99,9% случаи ќе ви помогнат да ја извршите задачата на која сте се намериле, и тоа ќе го направат побрзо и поедноставно. Еден од нив е токму CorelDraw.

CorelDraw е сосема соодветна програма за создавање на едноставни технички цртежи, почнувајќи од блок-шеми, дијаграми (графици), скици за уредување на домот и околината, па сè до претставување на поедноставни машински склопови. При цртањето на техничките цртежи најбитна е прецизноста и токму поради тоа потребно е да се запознаеме како да ги направиме неопходните нагодувања за мрежата, водилките, координатите итн, како и децималната прецизност на димензиите кои ќе ги внесуваме. До сите овие нагодувања се стигнува на повеќе начини, но ние ќе го избереме наједноставниот.

Вака треба да се нагодат параметрите на мрежата

Вака треба да се нагодат параметрите на мрежата

Вака треба да се нагодат параметрите на моливот

Пример за цртање на електрична шема во CorelDraw

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.