Рубрика: Информатика
Цртање на шеми во CorelDraw
Автор: Георги Ефтимов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/1999.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Скоро и да нема корисник на персонален компјутер кој не го поседува програмскиот пакет CorelDRAW. Распространетоста на оваа апликација за цртање нè поттикна да ја прилагодиме за изработка на електронски шеми. Програмата CorelDRAW е една од најсовремените графички алатки за персонален компјутер. Таа е пред сè наменета за графички илустрации, додека за изработка на електронски шеми се користат други програми. За жал бројот на корисници кои добро ги владеат програмите за цртање електронски шеми е релативно мал за разлика од CorelDRAW опкружувањето во кое секој, помалку или повеќе се снаоѓа. Електронските шеми главно се состојат од прави линии, точки и геометриски фигури со кои се симболизираат елементите. Бидејќи сите тие, поединечно гледано, се објекти кои Corel-от ги поддржува, јасно е дека идејата за цртање шеми во CorelDRAW има основа.

Програмата CorelDRAW е една од најсовремените графички алатки за персонален компјутер. Таа е пред сѐ наменета за графички илустрации, додека за изработка на електронски шеми се користат други програми. За жал, бројот на корисници кои добро ги владеат програмите за цртање електронски шеми е релативно мал за разлика од CorelDRAW опкружувањето во кое секој, помалку или повеќе се снаоѓа. Електронските шеми главно се состојат од прави линии, точки и геометриски фигури со кои се симболизираат елементите. Бидејќи сите тие, поединечно гледано, се објекти кои Corel-от ги поддржува, јасно е дека идејата за цртање шеми во CorelDRAW има основа. Но, за да може лесно и елегантно да се реализира, симболите на елементите што се користат во шемите треба секогаш да бидат на дофат.

Навистина, CorelDraw содржи и готова листа на симболи за елементи што се користат во електронските шеми, меѓутоа, за жал, тие се несоодветни или некомплетни. Бидејќи симболите на елементите се најсложените објекти во една шема (за нивно цртање се губи најмногу време), а во секоја шема главно се повторуваат истите симболи, се наметнува потребата од креирање сопствена листа на симболи кои понатаму би се користеле во секоја шема. Во понатамошниот дел од текстот ќе биде објаснет начинот на креирање на симболите, нивното поставување во шемите како и начинот на цртање на шемите. Паралелно ќе бидат дадени и сите потребни упатства за подесување (сетирање) на параметрите на програмата. Притоа треба да се има во предвид дека сите упатства ќе се однесуваат на верзијата 7 (CorelDRAW 7). Корисниците кои располагаат со некоја друга верзија ќе треба сами да се прилагодат, бидејќи некои менија и опции се решени на друг начин. Сепак разликите во менијата и опциите што ќе ги користиме за цртање шеми се мали и не би требало да има проблеми да се снајдете независно дали користите CorelDraw 5, 6, 7 или 8. 

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/1999. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.