Електроника

Модулатор на светло или популарно наречен LIGHT-SHOW е уред кој се користи за палење и гасење на разнобојни светилки во ритамот на музиката. За реализација на ваков уред постојат повеќе решенија. За оваа прилика ние се одлучивме да ви претставиме едно решение кое ја исклучува потребата од кабел помеѓу изворот на музика и самиот уред. Освен тоа нема потреба од било каков трансформатор, а во целиот уред се користат стандардни и лесно достапни елементи.


Информатика

Скоро и да нема корисник на персонален компјутер кој не го поседува програмскиот пакет CorelDRAW. Распространетоста на оваа апликација за цртање нè поттикна да ја прилагодиме за изработка на електронски шеми. Програмата CorelDRAW е една од најсовремените графички алатки за персонален компјутер. Таа е пред сè наменета за графички илустрации, додека за изработка на електронски шеми се користат други програми. За жал бројот на корисници кои добро ги владеат програмите за цртање електронски шеми е релативно мал за разлика од CorelDRAW опкружувањето во кое секој, помалку или повеќе се снаоѓа. Електронските шеми главно се состојат од прави линии, точки и геометриски фигури со кои се симболизираат елементите. Бидејќи сите тие, поединечно гледано, се објекти кои Corel-от ги поддржува, јасно е дека идејата за цртање шеми во CorelDRAW има основа.


Електроника

Веројатно една од најнеблагодарните работи, кои некогаш сте ги правеле, а верувајте дека и во иднина ќе ги правите, е чистење на бојлерот од бигор. Во основа некако сте се снашле со малото бојлерче во кујната, но само еден поглед кон оној од купатилото кажува сè. Треба да го демонтирате, расклопите, исчистите, склопите и монтирате. Колку едноставно звучи тоа!?! Решението можете да го побарате во купување на електричен омекнувач на водата.


Електроника

Досега сигурно сте слушнале повеќе видови домашни ѕвончиња од кои некои просто ќе ве исплашат со ѕвонењето и непријатниот звук што го испуштаат, а всушност истите треба први да ги пречекаат гостите. Би било добро и малку да ги изненадат. Овде објавениот проект ќе го направи токму тоа, а сигурно ќе падне и некоја пофалба што секако е голема сатисфакција за секого.


Аудио и видеотехника

Светски познатите производители на микрофони, Neumann и Rode, повторно водат битка за клиентите со префинет слух и длабок џеб. Овој пат на сцена се професионалните студиски микрофони TLM103 и Classic.


Аудио и видеотехника

Со демагнетизирањето треба да се подобри квалитетот на повторниот запис на магнетниот медиум. Тоа всушност претставува негово "рециклирање". Со тоа се одржува висок квалитет на записот со подобрена економичност. Постојат повеќе уреди за демагнетизирање во поглед на нивниот капацитет. Покрај наједноставните демагнетизери во кои операцијата се извршува рачно, постојат и демагнетизери со подвижен систем со лента кај кои значително е зголемен капацитетот на избришаните елементи на медиумот.


Аудио и видеотехника

Нашиот читател Ѕвонко Петровски ни ги донесе своите звучници, изработени според китот KEF CS 3. Оригиналната KEF CS 3 свртница е комбинација на филтер од втор ред (12dB/октава) за бас-звучникот и филтер од трет ред (18dB/октава) за високотонецот. Звучната кутија е многу добро направена, се гледа дека е вложено многу време, труд и знаење во конструкцијата, посветено е посебно внимание на повеќе детали, со употреба на квалитетни материјали.


Телекомуникации

Комуникациите со проширен спектар се нешто што денеска масовно се употребува. Како највисоко достигнување во дигиталните радио комуникации, тие овозможуваат пренос на: сигнали со големи капацитети, сигурен пренос со мала веројатност за грешка, заштита на приватноста итн. Сите овие работи довеле до потреба да се развие радио преносен систем кој пред сè ќе биде имун на пречки и интерференции.


Електроника

Многу читатели ни бараа проекти и шеми за засилувачи со електронски цевки. Им ја исполнуваме таа желба со оваа серија теоретски написи и практични проекти, но заинтересираните треба да имаат на ум дека електронските цевки работат на ВИСОК НАПОН кој е ОПАСЕН ПО ЖИВОТ, така што проектите што ќе бидат објавени се наменети САМО за поискусните електроничари.


Електроника

Уредот кој е прикажан во овј кус напис има намена да ни сигнализира кога ќе помине определен временски период. По истекот на претходно зададениот временски период уредот се огласува, најчесто звучно, со што ни сигнализира дека временскиот период изминал. Ваквите уреди имаат широка примена во секојдневието. Се користат за сигнализирање на времето потребно за варење јајца, за експозиција на фотографската хартија, потребно време за нагризување на печатеното коло и уште за многу намени.


Електроника

Во овој дел ги разгледуваме параметрите на биполарни транзистори. Ги разгледуваме коефициентот (фактор) на струјно засилување, еквивалентна шема со хибридни параметри и статичките карактеристики.


Електроника

Колото е конципирано да ја индицира состојбата на клипинг на НФ засилувач и тоа како при позитивните така и при негативните пикови од наизменичниот НФ сигнал. Овој индикатор за клипинг се разликува од другите поради инкорпорираниот моностабил кој без разлика на времетраењето на препобудата, дава индикација со свое времетраење, доволно долга да биде визуелизирана.


Електроника

TDA3566A е декодер за PAL/ NTSC колор телевизиските стандарди. Ги обединува сите функции за идентификација и демодулација на PAL/NTSC сигналите. Покрај ова, содржи и луминентен засилувач, хроминентен засилувач и RGB матрица со засилувачи.


Омнибус

Правила за дипломата "Tasmania Devil Award"; The Arrl Handbook; CQ communications; Календар на меѓународни КБ натпревари; 100-те најбарани DXCC-земји во 1998 година; Правила за Helvetia Contest


Омнибус

Diamond multimedia RIO PMP 3000; SME model 20.2; Rotel RA 971; Alema AMP Flux System 2; Mission 771; Коментаторската кутија на Drake Electronics; Оптички микрофон на Sennheiser; Отстранување на шумот; Amtel против Microchip; Дијамантот на Mitsubishi; EDWin NC 1.70; Експерти во делот на аналогниот и дигиталниот пренос; HP E6392A - GSM Mobile Station Test SET


Писма
Критики и предлози
Поддршка и предлог
Поврзување на звучниците