Рубрика: Електроника
Мелодично ѕвоно
Автор: Драган Јовановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/1999.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Досега сигурно сте слушнале повеќе видови домашни ѕвончиња од кои некои просто ќе ве исплашат со ѕвонењето и непријатниот звук што го испуштаат, а всушност истите треба први да ги пречекаат гостите. Би било добро и малку да ги изненадат. Овде објавениот проект ќе го направи токму тоа, а сигурно ќе падне и некоја пофалба што секако е голема сатисфакција за секого. Ѕвончето може да исполни дванаесет различни мелодии, и тоа при секое ново притискање ќе има нова мелодија сè до последната, а потоа сè од почеток. Тука е и опцијата за само една избрана мелодија.

Исправки и дополнувања:
Мелодично ѕвоно (Е 4/99)

На шемата и плочката со печатено коло на мелодичното ѕвоно (стр. 16 и 17) тастерот TS1 и прекинувачот SW1 се обратно означени, но тоа не може да предизвика големи проблеми освен што нивната функција ќе биде обратна. Тие треба да си ги сменат местата за да ја имаат предвидената функција - тастерот TS1 за активирање на ѕвоното, а прекинувачот SW1 за избор дали тоа да биде со нова мелодија или со истата мелодија. За да се спречи самоактивирање на ѕвоното и кондензаторот C2 треба да се помести и да се постави паралелно на TS1 т.е. помеѓу напојувањето и пинот 4 од IC2. Сето ова лесно може да се изведе на плочката - заменете им ги местата на TS1 и SW1, а минусот на C2 одлемете го од своето место и залемете го на соседниот вод т.е. на водот што оди до отпорникот R2 и пинот 4 на IC2.


Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК519
 

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/1999. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.