Рубрика: Електроника
Мелодично ѕвонче
Автор: Благој Ќупев
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 208 - 12/2025.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во последниве 35 години во кои имам следено различни хоби ѕвон­чи­ња за дома (а имаше поголем број), имам изработено различни „славејчиња”, „сирени”, „специ­јал­ни звуци”. Покрај овие модели, имам изработено и верзија која користи специјализиран дигитален чип кој може да се употреби за сни­мање на било каков аудио звук и да го репро­дуцира потоа (различни верзии од серијата на ISD чипови: ISD1016, ISD2560...). Сепак и после толку многу години, пасијата за из­работка на оваков уред ме моти­ви­раше да изработам модерна вер­зи­ја со употреба на микроконтролер.

Што ни е потребно за оваков уред? Пред се аудио запис во дигитална форма кој може или да се сними на компјутер преку микрофон кој е вграден во преносниот компјутер или приклучен на десктоп компјутерот, или може да се преземе од интернет и потоа дополнително да се обработи. И двете опции се сосема добар начин да се добие аудио записот кој потоа треба да се репродуцира со овој уред. Следно ни треба систем кој ќе може да ја прочита содржината од аудио записот кој ќе биде складиран во фајл, и ќе ја претвори содржината во формат соодветен да се испорача кон аудио засилувач кој ќе го засили аудио сигналот за соодветната намена, во овој случај да се најави дека имаме посетител кој е пред влезната врата на нашиот дом или за некоја слична намена.

За изработка на овој уред користени се готови модули за микроконтролерскиот дел, механизмот за поврзување со SD картичката и аудио засилувачот. Искористени се модули кои се лесно достапни, но со малку труд и малку по напредни вештини, секој читател може да употреби слични или компатибилни модули

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 208 - 12/2025. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.